Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасовски: Силен СДСМ е потребен за европска иднина, не сакаме враќање на режимот

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2, предводена од СДСМ и коалицијата, Оливер Спасовски, даде изјава за медиумите во Ѓорче Петров, со повик до граѓаните за масовна излезност на 8 ми мај за бројот 1.

„Ве повикувам – Излезете на 8 ми мај, силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата!

Да не дозволиме враќање на режимот! Десничарската партија ВМРО ДПМНЕ е истата таа на Груевски, а знаеме сите што значи преголема моќ во нивни раце – крај на ЕУ перспективи, крај на поголеми плати и пензии, крај на можности за младите и крај на соживот и меѓуетничка кохезија”, рече Спасовски. Притоа, тој истакна дека граѓаните не сакаат враќање на режимот.

„Доволно беше чекањето за Европа и никој не сака враќање назад по патот кон нестабилност и изолација.

 ДПМНЕ ќе ја одложуваат евроинтеграцијата во недоглед, сега зборуваат за рокови. Истото тоа го правеше и Груевски, тие само ќе продолжат кај што застана тој. Ќе го вратат национализмот, насилството, апсењето новинари и тепањето студенти, прислушувањата и грабежот на народни пари. За тоа да немате дилема!”, рече Спасовски, повикувајќи ги граѓаните да гласаат за СДСМ и коалицијата.

„Сите сме исправени пред голем предизвик, секој еден член и активист на СДСМ, секој граѓанин, Македонци, Албанци, Роми, Срби, Влади, Бошњаци, Турци и сите други – имаме обврска, заради аманетот од предците борците од НОБ и АСНОМ кои ја изградиле Македонија, и уште поважно, заради генерациите кои доаѓаат, да им оставиме европска држава, европски живот дома!

Затоа е важно на 8 мај сите да излеземе и да го поддржиме СДСМ, затоа што ДПМНЕ ќе го донесе повторно режимот кој долго време се трудевме да го срушиме.

СДСМ е единствената партија која ја движи државата напред, кон прогрес, интересот на граѓаните и развојот на државата – секогаш пред сѐ и над сѐ.

Мора да сме силни и единствени СДСМ, заради иднината на државата.

Да ги зачуваме слободата и напредокот на државата! 

Нема да се откажеме – Сите масовно на 8 мај гласаме за број 1!”, рече Спасовски.

Зачлени се на нашиот е-билтен