Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала ја доби наградата Солидарност за новинарите од Југоисточна Европа за 2024 година, која ја доделува Друштвото за Југоисточна Европа (Südosteuropa-Gesellschaft) СОГ од Минхен, Германија.
„Длабоко сум почестен и благодарен што ја добив наградата Солидарност за новинарите од Југоисточна Европа за 2024 година. Ова признание не е само лично достигнување туку и доказ за посветеноста и храброста на моите колеги од Цивил МК и пошироко. Од срце им благодарам на Südosteuropa Gesellschaft и на целиот тим за оваа значајна чест. Тоа нè инспирира да продолжиме со нашата работа за унапредување на демократијата и човековите права, поддржувајќи го владеењето на правото и промовирање на слободите на медиумите во нашиот регион“ пишува Дерала на социјалните мрежи.
Церемонијата на доделување на престижната награда ќе се случи на 4 јули 2024 година во германскиот Бундестаг.