Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тито Петковски се извини за тоа што го донесе Груевски на власт, ќе ја направи ли и Максим Димитиревски истата грешка со Мицкоски?

Многу работи се слични во моменталната ситуација во земјава како во 2006, кога новоформираната НСДП на чело со Тито Петковски влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски. Таква шанса овој пат има друг поранешен член на СДСМ, Максим Димитриевски кој со својата партија ЗНАМ, кокетира за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски.

Тогаш НСДП и Тито Петковски помогнаа да се инсталира режимот на Никола Груевски, потег за кој и самиот Тито Петковски се извини. На третиот конгрес на НСДП во 2013, Тито Петковски презеде на себе одговроност за помагањето Груевски да дојде на власт.

„Мислев дека Груевски ќе направи добро за македонската економија, но ниту на сон не помислив дека државата ќе ја води во ваков правец, затоа се извинувам“ рече Петковски тогаш.

Сега на прагот да ја повтори грешката на НСДП и Тито Петковски е Максим Димитриевски со неговата ЗНАМ, кој ја засилува соработката со ВМРО-ДПМНЕ и е подготвен да влезе во коалиција со Христијан Мицкоски. На овој начин, освен што ќе ја предаде социјалдемократијата, Димитриевски заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжат и блокадата на евроинтегративниот процес на земјава, неспроведувајќи ги уставните измени потребни за отворање на поглавјата од преговорите.

Зачлени се на нашиот е-билтен