Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Санела Шкријељ: Во центарот на Реформската агенда за Планот за раст се луѓето, тие се најважни

Санела Шкријељ во подкаст за Планот за раст
Санела Шкријељ во подкаст за Планот за раст

„Во центарот на нашата реформска агенда а всушност и во претходна и сегашна програма која ја нудиме се луѓето. Затоа што луѓето се најважни и нивните знаења и вештини. Нема раст, развој без луѓе кои ги имаат потребните знаења и вештини за да се овозможи тој раст и развој“, истакна пратеничката и поранешна заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, во дебатата на подкастот посветен на Планот за раст и за придобивките од него на економски план и на планот на јакнењето на човечкиот капитал во земјата, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник Бојан Маричиќ и со вицпремиерот за економски прашања и кандидат за пратеник Фатмир Битиќи.

Санела Шкријељ потенцираше дека Планот за раст е најсериозниот инструмент на ЕУ за да го донесеме европскиот стандард дома.

„Важна е крајната цел, членството во ЕУ, но и низ самиот процес на пристапни преговори си обезбедиме подобар квалитет на живот за сите нас тука. Ова е навистина многу важен инструмент кој значи не само техничка поддршка, туку низ реформите обезнедуваме подобар квалитет за живот за нашите граѓани дома проследени со значајна и дополнителна финансиска поддршка“, посочи Шкријељ.

Таа ја нагласи поентата дека поддршката од Планот за раст е врзана за конкретни реформи, како што е реформата на основното и средното образование и дигитрализацијата.

„Дигитализација е навистина клучен сегмент. Дигитализацијата на услугите кои што се однесуваат на бизнис секторот се една работа, но ќе се навратам на областите кои се поврзани со човечкиот капитал како што е образованието, здравството и социјалата заштита и грижа. Тука навистина има огромен простор. Фокусот мора да биде и со тао започнавме развојот на дигитални вештини кај децата но и кај настанвниците. Децата на некој начин растат во тој свет веќе и се соочуваме со ситуации кога нивните познавање на тие дигитални вештини се понапредни од оние на наставниците и на тоа навистина мора да работиме“, рече Санела Шкријељ.

Таа посочи дека во Реформската агенда на Северна Македонија врзана за Планот за раст на ЕУ има и проекти за инфраструктурно опремување на училиштата и за дигитаклизација на процесите во јавната администрација.

„Како што го поставивме системот на социјална заштита на цврсти темели, така треба да продолжиме во таа насока и во другите сфери кои можат да го зајакнат човечкиот капитал. ЕУ бара испорачување на некои стандарди и ние истото го сакаме. Да испорачаме реформи за да добиеме поголема финансиска поддршка“, истакна пратеничката и поранешна заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, во дебатата на подкастот посветен на Планот за раст и за придобивките од него на економски план и на планот на јакнењето на човечкиот капитал во земјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен