Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Вашиот глас е моќно оружје – гласот за СДСМ е за продолжување кон ЕУ, за Мицкоски за изолации и блокади

„Гласањето на 8-ми мај почнува од нула! Затоа, апелирам и повикувам, убаво размислете кому ќе ја дадете својата поддршка. Вашиот глас е моќно демократско оружје! Затоа убаво размислете во чии раце ќе го дадете. Дали на СДСМ за државата цврсто да продолжи да гази по патот кон ЕУ или на Мицкоски и неговата екипа од Белата палата, која ќе не врати во минатото на изолации и блокади“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Македонски Брод.

Тој додаде дека Мицкоски и Сиљановска немаат никаква намера да ја водат државата кон ЕУ, што може да се види од нивните говори и нивниот наратив.

„Напротив, ќе нè изолираат, ќе нè затворат, ќе нè скараат и внатре и со соседите и со меѓународната заедница“, истакна Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека изборот останува на граѓаните дали ќе живееме во лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа или заедно ќе изградиме слободна, просперитетна и европска иднина.

„Јас можам цврсто да ви гарантирам дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европска Македонија и ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност“, рече Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен