„За да имаме научени лекции треба да гледаме наназад. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја имаат оваа пинг-понг политичка игра и во минатото и додека беа во коалиција, само за да се дефокусираат од вистинските прашања“, истакна кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ во емисијата „24 отворено“.
Тој додаде дека во минатото имаше инциденти за црквата на Кале, тепачки во автобуси, но и посериозни инциденти кои кулминираа со 27 април 2017 година.
„Во овие 7 години немаше меѓуетнички инциденти, тепачки по автобуси, ниту некој се чувствуваше небезбедно. И за тоа што не си игравме со националните чувства плативме можеби и политичка цена“, рече Маричиќ.
Тој доаде дека концептот на СДСМ за едно општество е јасен и од него нема откажување.
„Наместо да зборуваме за животниот стандард, што не им одговара на ниту една партија, особено на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто во нивната програма нема ветување за покачување на платите? Наместо за тоа зборуваме за црвените линии и она што сме го дискутирале и решиле пред 20 години“, нагласи Маричиќ.