Додека евровизиските фанови со нетрпение го очeкуваат саботното финале на годинешниот Евросонг, организаторите постојано повторуваат дека има простор само за музика, а не за политика, но реалноста ги демантира. И така со децении како да се повторува истото созание и тврдење, велат добрите познавачи кои ја следат оваа манифестација.
Мирјана ВАСИЛЕВА
Во шведскиот град Малме, во тек е одржувањето на најпопларното шоу, што го организара Европската радиодифузна унија (ЕБУ) од Женева, Атмосферата во која што се одржува Евросонгот се случува кога во моментот се водат две војни, таа во Украина и израелско-палестинскиот конфликт.
И додека евровизиските фанови со нетрпение го очкуваат саботното финале на годинешниот Евросонг, организаторите постојано повторуваат дека има простор само за музика, а не за политика, но реалноста ги демантира. И така со децении како да се повторува истото созание и тврдење, велат добрите познавачи кои ја следат оваа манифестација.
Дали Евросонг е помалку музички настан, а повеке политички, е многу ектуелно прашање иако во статутот на ЕБУ стои дека дека музичкото шоу Евросонг е целосно аполитичен настан и дека политичките слогани се забранети.
Дел од музичките експерти велат дека на евровизијата имало и има музички нумери каде што преовладува политиката, бидејќи во повеќе песни се со политички став против војната или кршењето на човековите права, а има се повеќе и такви музечки нумери, кои се занимаваат со феминизмот и борбата за различности.
Иако низ годините организаторите повторуваат дека ова е музички настан на кој не треба да има политика, оваа година, сепак, поголем фокус ќе биде во контекст на учесниците чии земји моментално се во воени конфликти.
Русија, која започна војна против Украина во февруари 2022 година, не учествува по трет пат. Таа требаше да учествува на Изборот за песна на Евровизија во Торино во 2022 година, но беше исфрлена откако започна војната во Украина.
Таа година Украина победи на Евросонг со песната „Стефанија“. Многумина ќе се согласат дека украинските претставници добија по 12 поени во знак на солидарност бидејќи нивната земја беше жртва на агресија. Се разбира, политиката не може да се игнорира. Следната година, Изборот за песна на Евровизија се одржа во Ливерпул, кој служеше како алтернативна локација бидејќи војната во Украина сè уште трае.
Организацијата која стои зад изборот за песна на Евровизија, Европската радиодифузна унија, првично соопшти дека Русија ќе може да учествува на натпреварот (2022) бидејќи „Евросонгот не е политички настан“. Но, тогаш голем број земји-членки се побунија, а набрзо беше донесена нова одлука, според која Русија не може да дејствува и оттогаш таа е отсутна.
Израел во центарот на вниманието
Оваа година Израел е цел на критики за жестоката воена одмазда по терористичките напади на исламистичкиот Хамас.
Израел учествува на Евросонг повеќе од половина век и одвреме-навреме рефлексите од тамошната ситуација ја отсликуваат и состојбата на конфликтот на Блискиот Исток.
На пример, во 1973 година, израелскиот претставник настапи под посебни безбедносни мерки бидејќи само неколку месеци претходно, палестински терористи убиваа израелски спортисти во Олимпиското село во Минхен.
Посебни мерки се подготвуваат и за овогодинешниот настап на Еден Голан. Неколку земји-членки на Европската радиодифузна унија побараа израелската претставничка воопшто да не настапува поради војната во Појасот Газа.
Речиси беше невозможно Голан да биде исклучена, но не поради самата војна, туку затоа што насловот на песната „Октомвриски дожд“, што според организаторите, премногу потсетувал на масакрот од Хамас во октомври минатата година. Според евровизиските правила текстот мораше да биде промент и така израелската претставничка, сепак остана и влезе во финалето што ќе се одржи в сабота на 11 Мај.
За рекциите ЕБУ рече дека „ги препознава силните чувства и мислења“, но сепак нивната одлука е Голан да настапи со цел „да ја споделат универзалната порака за единство преку јазикот на музиката“.
Еден Голан, е руски израелка . Нејзините родители се родени и израснати во поранешниот СССР, Еден Голан доаѓа од семејство руски Евреи, кои се преселиле во Израел. Таа е родена во Израел во 2003 година, но детството го поминала во Москва, каде што семејството се преселило поради работата на нејзиниот татко.
Голан својата музичка кариера ја започна во Русија, а во Израел со семејството се врати дури во 2022 година. Таа посочува дека една од главните причини за враќање во Израел е општата ситуација поради војната во Украина потврдувајќи дека и самата доживеала неколку случаи на антисемитизам во Русија.
Таа како музички талент во Русија учествуваше на натпреварот за јуниори на Евросонг во 2015 година. А незаборевен е и нејзиниот настап следната година на познатиот музички натпревар за млади „Нов бран“, кој се одржа на Крим, кој тогаш веќе беше припоен кон Руската Федерација. Учествувала и на многу други музички натпревари во Русија, а подоцна и во Израел по 2022 година, каде воодушеви многумина со нејзината изведба на песната „I Don’t Want to Miss a Thing“
Евросонг никогаш не бил без политика
Првиот натпревар за песна на Евровизија се одржа во Лугано, Швајцарија, во 1956 година. А создаден е како придонес кон разбирањето на луѓето – таму настапуваа уметници од земји кои до пред само единаесет години војуваа едни против други.
Германија беше меѓу седумте учесници. До 1968 година, седумнаесет земји се приклучија, но тогаш се појавија првите политички тонови – шпански кандидат сакаше да пее на каталонски. Ова не му се допадна на режимот на диктаторот Франко бидејќи каталонскиот се сметаше за јазик на слободата и бунтот. На крајот, на натпреварот беше испратен претставник кој испеа песна во мешавина на шпански и англиски јазик наречена „Ла ла ла“.
Поделбата на Кипар (1974) доведе до тоа Грците да го бојкотираат евросонгот следната година, а една година подоцна преносот на натпреварот во Турција беше прекинат за време на настапот на Грција, а наместо тоа беше емитувана турска националистичка песна.
Кога во Париз во 1978 година беше јасно дека ќе победи израелскиот претставник Изхар Коен, израелскиот сосед Јордан го прекина преносот и објави дека победиле Белгијците.
Во екот на Студената војна, младата германска пејачка Никол настапи со бела гитара и испрати порака за мир обложена со шеќер, со што победи во 1982 година со песната „A Little Peace“.
Евросонг – Политиката во стил
Исклучувањето на Грузија во 2009 година покажа дека изборот за песна на Евровизија не е имун на политички и воени витри. Причината беше антируската игра на зборови во насловот на песната „We Don’t Wann Put In“.
Белорусија беше исфрлена во 2021 година бидејќи бендот требаше да настапи во песните кои ги критикуваа протестите против диктаторот Александар Лукашенко претходната година.
Националните жирија често не криеја дека од политички и идеолошки причини некому му даваат повеќе или помалку поени, односно не гласаат (само) за квалитетот на песната и изведбата.
Во 2016 година, Русија ја критикуваше украинската песна „1944“ во која Џамала пееше за прогонството на кримските Татари за време на режимот на Сталин. ЕБУ, од друга страна, толкуваше дека пораката на песната не може да се сфати како политичка, бидејќи Џамала пее за една семејна трагедија.
Таа победи на тој натпревар, само две години откако Русите го анектираа Крим.
Казна за палестинското знаме
Пароли и транспаренти се појавуваат повторно и повторно, како кај публиката, така и на сцената. Во Тел Авив во 2019 година, исландскиот бенд Хатари го покажа палестинското знаме на камерата за време на доделувањето на поени, па исландскиот јавен сервис мораше да плати казна.
Некои веќе беа изнервирани од настапот на Мадона таа вечер – една од нејзините танчерки го носеше палестинското знаме, а танчер израелското знаме.
Сега шведскиот Малме се подготвува за жешка завршница на овогодинешниот избор за песна на Евровизија. Надзорните камери се насекаде, безбедноста е зголемена. Големото финале ќе се одржи во сабота (11 мај), а за тој ден се најавени два големи протестни собири против Израел.
Шведската полиција се плаши од насилство. Таа им забрани на израелските навивачи да шетаат низ градот со национални симболи, а израелската делегација излегува од хотелот само за проби и настапи со силно обезбедување.