Осум лица загинаа, а осум се тешко повредени во автобуска несреќа во северна Флорида, соопшти портпаролот на пожарникарската служба на државата Калифорнија.
Работниците патувале кон градот Данелон, мала земјоделска заедница во округот Мерион, кога нивниот автобус се превртел околу 8:30 часот на западниот меѓудржавен пат 40, соопшти автопатската патрола на Флорида и локалната пожарникарска служба.
Во автобусот се наоѓале вкупно 53 лица, а 37 од нив се пренесени во болница со повреди, информира Џејмс Лукас од противпожарната служба на округот Мерион.