Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба

Претседателот на Република Словачка, Роберт Фицо е во многу тешка состојба откако попладнево беше ранет во градите и стомакот откако излегол на улица, јавија словачките медиуми. Владината прес-служба соопшти дека состојбата на Фицо е животозагрозувачка. Оттаму додаваат дека тој ќе биде транспортиран со хеликоптер во градот Банска Бистрица, откако поради неговата состојба не било можно да биде пренесен во Братислава.

Обезбедувањето и полицијата притрчале да му помогнат, додека кај граѓаните кои бегале владеела општа паника. Обезбедувањето го внело Фицо во автомобил, потоа во хеликоптер и е пренесен во болница.

Фицо е ранет во градот Хандлова, на 150 километри од Братислава, пред Домот на културата, каде што претходно се одржа седница на Владата, кога излегол меѓу собраните луѓе да ги поздрави.

Лицето кое пукаше кон Фицо е во притвор, јави ДПА повикувајќи се на словачката агенција ТАСР.

Според очевици, напаѓачот го повикал премиерот со зборовите „Робо, дојди ваму“.

Словачката претседателка Зузана Чапутова го осуди „бруталниот“ напад врз Фицо и му посака добро закрепнување. 

Зачлени се на нашиот е-билтен