Руски физичар Анатолиј Маслов, кој работеше на развој на суперсонични проектили, денеска од судот во Санкт Петербург е осуден 14 години затвор во казнена колонија за предавство.
Судењето се одвиваше зад затворени врати, а 77-годишниот Маслов изјави дека е невин. Неговата одбрана ги известила властите дека Маслов на почетокот на годината доживеал срцев удар и оти долгогодишната затворска казна за него ќе значи смртна казна.
Тој е еден од тројцата научници и експерти за хиперсонична брзина од Сибирскиот институт, кои се уапсени во 2022 година под обвинение за предавство.
Адвокатот Евгениј Смирнов изјави дека обвиненијата против тројцата научници од Институтот за теоретска и применета механика (ИТАМ) во Новосибирск се речиси исти, а тие се обвинети дека објавиле информации кои се сметаат за државна тајна на меѓународна конференција.
Според Смирнов пресуда против Маслов е прекршување на законот.
Во отвореното писмо колегите на тројцата научници од ИТАМ пишуваат дека податоците презентирани од научниците на меѓународни форуми биле постојано проверувани за да се осигури дека не содржат доверливи информации.
Тие исто така предупредија дека ваквите случаи имаат застрашувачки ефект врз младите руски научници.
– Сега најдобрите студенти ги одбиваат понудите да се приклучат на научната заедница и да дојдат да работа со нас, а нашите најдобри млади вработени ја напуштаат науката, се предупредува во писмото.