Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албарез: Шпанија дефинитивно го повлекува амбасадорот од Аргентина

 Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарез денеска најави дека Мадрид дефинитивно ќе го повлече својот амбасадор во Аргентина, откако аргентинскиот претседател Хавиер Милеи одби да се извини.

Аргентина повеќе нема шпански амбасадор, посочи Албарез.

Одлуката на Шпанија за повлекување на амбасадорот од Аргентина уследи откако Милеи, кој беше почесен гостин на Конгресот „Европа вива 24“ организиран од шпанската екстремно десничарска партија Вокс, изјави дека сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Бегоња дека е „корумпирана“, иако не го спомна нејзиното име.

– Светските елити не разбираат колку може да биде деструктивно спроведувањето на идеите на социјализмот. Тие не знаат каков тип на општество и земја може да произведе тоа и типот на луѓе кои се држат до власта и нивото на злоупотреба што тоа може да го генерира … А кога имаш корумпирана сопруга, се валкаш и ти требаат пет дена да размислиш за тоа, наведе Милеи.

Тој алудираше на неодамнешната одлука на Санчез да ги прекине сите активности и да се повлече на пет дена за да размисли за можна оставка, бидејќи шпанското правосудство отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за трговија со влијание и корупција.

Зачлени се на нашиот е-билтен