Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Жените во политиката како статистика

  • Пред да се објавуваат листите со кандидати се известуваше на овој начин: кандидатската позиција број 3 е жена или пак се истакнуваше прашалник!
  • На парламентарните избори во 1994 и 1998 година не се избра ниту една пратеничка. Дури во 2002 година, Албанците беа претставени од 4 жени
  • Самите жени треба да го кренат својот глас, да бидат похрабри и да не ја прифаќаат доминацијата на машкиот род во политиката

СЕФЕР ТАХИРИ

Арбен Џафери често констатираше дека за жал политиката во албанското општество е машка работа.

На првите парламентарни избори, одржани во 1991 година, беа избрани 120 пратеници со мнозински изборен модел, од кои само 5 беа жени (4 проценти од вкупниот број места во Собранието), а ниедна не беше претставничка од албанската етничка заедница.

Овој податок зборува за фактот дека албанското општество во првите години на плурализмот беше застапено од машкиот род и воопшто не ја одразуваше родовата еднаквост.

Пред да се објават листите со кандидати со пратеници на политичките партии на Албанците, на порталите се известуваше на овој начин: со име и презиме се споменуваа првите двајца кандидати од машки род, а за кандидатската позиција број три се известуваше со формулацијата жена или пак се ставаше прашалник! Ако се известуваше со слика, третото место беше празно.

Така и бидна при објавувањето на листите! Нема кандидатка која беше на листа втора или носителка, туку само трета односно пета или шеста. Веројатно и на тие позиции се само заради законската обврска, која предвидува таканаречена позитивна дискриминација на жените во процесот на претставување во Собранието на Северна Македонија. Најмалку 40 проценти од кандидатите припаѓаат на недоволно застапениот пол или еден од тројцата кандидати се жени и дополнително едно место на секои десет места.

На парламентарните избори во 1994 и 1998 година не се избра ниту една пратеничка Албанка.

Дури 12 години по плурализацијата на Северна Македонија, во 2002 година Албанците беа претставени од 4 жени во Собранието. На изборите од 2006 до 2020 бројот на пратеничките Албанки изнесуваше околу 10 отсто.

На локално ниво истата слика. Освен Теута Арифи, градоначалничка од албанската заедница во 2000 година била избрана во општина Осломеј. На последните избори ДУИ се натпреваруваше во 19 општини, само со 1 жена, Арифи, која изгуби во Тетово. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, од една и Движењето БЕСА од друга страна не се натпреваруваа со ниту една кандидатка.

Родовата еднаквост во политичката застапеност во општество со кревка демократија како нашето, не може да се остави на добрата волја на политичките партии! Затоа, потребни се изборни реформи, кои гарантираат зголемување на застапеноста на жените на сите нивоа на власт. Во оваа насока, треба да се разгледаат реформите во Изборниот законик, со што ќе се зголеми застапеноста на жените на министерски и градоначалнички позиции.

Од друга страна, самите жени треба да го кренат својот глас, да бидат похрабри и да не ја прифаќаат доминацијата на машкиот род во донесувањето на политичките одлуки. Да не прифаќаат да бидат потпретседателки само поради формалност.

Проф. д-р Сефер Тахири е универзитетски професор. (ЦИВИЛ МЕДИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен