Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маќедонци: Косово е на само чекор од полноправно членство во НАТО

Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, по денешното гласање во Парламентарното собрание на НАТО, каде Косово го унапреди статусот од набљудувач во придружна членка, вели дека сега Косово е на само чекор од полноправно членство во НАТО, што, според него, „секако ќе влијае на стабилизацијата на Балканот“, јави дописникот на МИА Приштина.

По денешната одлука на ПС на Северноатлантската алијанса, напиша Маќедонци на својата страница на Фејсбук, Косово отсега натаму ќе има право да предлага и коментира за кој било процес или документ кој се третира во тоа тело.

„Од денеска, со одлука на Парламентарното собрание на НАТО, Собранието на Република Косово има статус на придружна членка на НАТО. Така, Косово отсега ќе има право да предлага и коментира за кој било процес или документ со кој работи Собранието на НАТО. Со оваа одлука Косово е на само еден чекор од полноправно членство во НАТО, што секако ќе влијае на стабилизација на Балканот“, напиша Маќедонци.

На Парламентарното собрание на НАТО, кое од 25 до 27 мај се одржува во Косово, денеска беше донесена одлука за унапредување на статусот на Собранието на Косово од членка-набљудувач во придружна членка.

Зачлени се на нашиот е-билтен