Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заев и Ципрас од Атина: Преспанскиот договор е реалност и победа на разумот и на визијата за подоброто утре

На сесијата посветена придобивките од Преспанскиот договор на Меѓународната конференција за мир и одржлив равој во Атина, Зоран Заев потсети дека тој и Алексис Ципрас добиле неколку меѓународни награди за мир, повеќе од 10 и биле номинирани и за Нобеловата награда, но, за нив давјца најголемата награда за мир е тоа што го запреле непријателството меѓу двете земји по што настапила ера на мир и соработка како врвен интерес на граѓаните од двете страни на границата.

Со овие пораки Зоран Заев го започна своето излагање на сесијата Дискусија за Преспанскиот договор на Меѓународната конференција за мир во Атина.

Заев ја расакажа легендата за потеклото на Преспанското Езеро, која раскажува дека многу одамна, на местото на денешното езеро постоела голема долина – прекрасно плодно поле, за кое постојано се бореле две племиња.

Во близина на полето имало седум бунари од кои луѓето полнеле вода од кои вода полнела убавата Преспа – ќерка на кралот на едно од двете племиња. Еднаш, додека полнејќи вода од еден од седумте бунари, го видела убавото момче Лабид – син на кралот на друго племе. Преспа и Лабид се вљубиле и почнале тајно да се среќаваат.

Една вечер, одејќи кон своето момче, Преспа ги пуштила водите од седумте бунари. Во љубовен занес, Преспа и Лабид ноќта заспале на блискиот рид, а кога се разбудиле следниот ден, виделе дека долината се претворила во прекрасно езеро. Лабид ја прегрнал Преспа и ѝ рекол: „Сега нема за што да се борат нашите племиња“. Младите се венчале, а езерото во чест на девојката го добило името Преспа.

Заев истакна дека многу симболика помеѓу оваа легенда и Договорот од Преспа потпишан пред шест години на денешен ден и заклучи дека „во животот секогаш победуваат љубовта, разумот, мирот и визијата за подобро утре. Разликата е во тоа што легендата е измислена, а нашиот договор е прекрасна реалност“.

Алексис Ципрас во своето излагање се надоврза на легендата на Заев и рече дека е горд што изборот Преспа да биде местото каде што ќе се потпише договорот била негова идеја.

„Некогаш Преспа беше место на страдање на народите, а денес е симбол на на мир и помирување“ истакна Ципрас.

Ципрас уште нагласи дека се надева дека новиот премиер на Северна Македонија ќе го почитува Преспанскиот и дека ќа ја прифати реалноста дека името на неговата држава е Северна Македонија.

На дебатата за Преспанскиот договор Заев им испрати порака на премиерите на Грција и Северна Македонија, Мицотакис и Мицкоски да ја преземат одговорноста за целосно спроведување и почитување на Преспанскиот договор.

„Мицкоски да покаже лидерство и да ги почитува одредбите од Преспанскиот одговор, бидејќи вети дека ќе го почитува. Ако не го употребува уставното име на нашата земја не испраќа само лоши пример, туку и го крши највисокиот конститутивен акт и со тоа го доведува во ризик евроинтегративниот процес на Северна Македонија“, рече Заев.

Тој посочи дека Мицотакис во повеќе наврати јавно потврди дека ја поддржува Северна Македонија на најзиниот пат до членство во ЕУ, дерка за време на неговиот мандат двојно повеќе е зголемена економската соработка меѓу двете земји, а авионите на грчката армија веќе патролираа на небото на Северна Македонија како дел од соработката како НАТО членки.

„Со тоа Грција ги исполнува обврските кои произлегуваат од трите меморандуми како обврска од Преспанскиот договор и токму затоа нема потреба да се одлага нивната ратификација во Парламентот на Грција“, порача Заев на дебатата со Ципрас на Меѓународната конференција за мир и развој по повод Преспанскиот договор.

Зачлени се на нашиот е-билтен