Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почина новинарот Иван Андреевски-Маче

Почина Иван Андреевски, новинар и уредник во Македонската телевизија, познат и по прекарот Маче.

Роден е на 25 јуни 1947 година, во Доленци, Демирхисарско. Завршил студии по политички науки во Белград и од 1971 година работел во Македонската радиотелевизија, како нејзин стипендист.

Автор на репортажи, документарни филмови, фељтони… Бил директор и одговорен уредник на Телевизија Скопје (1986-1990); основач е на скопската програма и утринската програма на МРТ; бил ангажиран од Ројтерс, Слободна Европа, Јутел…

Андреевски бил претседател на Здружението на новинарите на Република Македонија. Од 2006 година бил член на Советот за радиодифузија.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново