Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека српската фудбалска репрезентација отпатувала за Германија на Европското првенство со хрватски авион, нагласувајќи дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ (кој влегол во авионот за да ги испрати играчите) бил очаен заради тоа, јави Бета.
„Тоа е вистинска приказна. Штета е, Вучиќ беше крајно лут. Ние ја имаме нашата ЕР Србија и сите патуваме со таа компанија. Кога ќе слета авионот, ја гледаме ЕР Србија и тоа е нашата гордост”, изјави Брнабиќ.
Брнабиќ додаде дека „апсолутно е неопходно да се утврди како се случило и кој е одговорен“ што српските репрезентативци патувале со хрватски авион.