Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Владата на Северна Македонија не ја потпишала изјавата на 36 европски земји за повлекување на „законот за странски агенти“ во Грузија

Новата Влада на Северна Македонија не ја потпишала заедничката изјава со којашто 36 европски земји ја повикуваат Владата на Грузија да го повлече Законот за транспарентност за странски влијанија, популарно наречен „закон против странски агенти“.

Според објавата на Постојаната мисија на Литванија во Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева, со тоа Северна Македонија им се придружила на Словачка, Србија и Унгарија, како земји кои не ја потпишеле оваа иницијатива со која се осудува законот кој претставува закана за граѓанското општество, човековите права и владеењето на правото и ја оддалечува Грузија од нејзиното членство во ЕУ.

Во изјавата што во име на 36 земји, меѓу кои сите земји членки на ЕУ, плус САД, Канада и Велика Британија и други европски земји, без Унгарија, Србија и Словачка, ја иницираше Литванија, се вели дека со Законот за транспарентност за странски влијанија, Владата на Грузија има за цел да ја „замолчи“ работата на медиумите, организациите за заштита на човековите права и на другите граѓански организации.

Земјите потписнички, освен отповикување на законот, ја повикаа владата во Тбилиси да ги запре процесите против новинарите, граѓанските активисти и другите граѓани коишто протестираа против донесувањето на законот и да се истражат сите случаи на насилство што беа применети против овие граѓани.

Како што е познато, ваков „закон против странски агенти“ беше донесен во Руската Федерација со декрет на претседателот Путин.  

Зачлени се на нашиот е-билтен