Непознати сторители ноќеска отвориле оган кон зградата на Топ чанел во Тирана, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот.
Во инцидентот, што се случил во околу 1 часот после полноќ, убиен е Пали Кола (60) лице од обезбедувањето.
Возило “Ренџ Ровер”, за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите е пронајдено запалено.
Експресно реагираше албанскиот претседател, Бајрам Бегај, кој настанот го оцени за тежок инцидент и побара од надлежните брзо расветлување на случајот, изразувајќи притоа сочувство до семејството на настраданиот. (МИА)