Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ПроПублика: Владата во Скопје вложува во бизнис врски со Трамп во надеж дека ќе помине полесно во ЕУ

Нунес, првиот ред десно, извршниот директор на Волстрит и копретседател на транзицискиот тим на Трамп, Хауард Лутник, крајно лево, и Крис Павловски, центар, извршен директор на страницата за видео стриминг Rumble. Фотографија од ЛинкДин страницата на министерот за дигитализација Стефан Андоновски
Нунес, првиот ред десно, извршниот директор на Волстрит и копретседател на транзицискиот тим на Трамп, Хауард Лутник, крајно лево, и Крис Павловски, центар, извршен директор на страницата за видео стриминг Rumble. Фотографија од ЛинкДин страницата на министерот за дигитализација Стефан Андоновски

Истражувачката мрежа ПроПублика, во својата анлиза од 12 септември со наслов „Необјаснетата средба на генералниот директор на компанијата Трамп со лидер на Балканот го подигна спектарот на нов конфликт“, ги поврзува нишките и причините за посетата на извршниот директор на Трамп Медиа Девин Нунес, извршниот директор од Вол Стрит и копретседател на тимот на Трамп за транзиција и Крис Павловски, извршен директор на Рамбл и близок соработник на Трамп Медиа, кои на почетокот на летото, неколку дена откако Христијан Мицкоски ја презеде премиерската функција.

Како што пишува ПроПублика, Нунес од Трамп Медиа и двајцата други пристигнале во Скопје за да разговараат за бизнис, но таа посета не била за да се сретнат со македонските бизнисмени, туку за да се состанат со новоизбраниот премиер.

„На асфалтот пред нивниот приватен авион ги пречека висок функционер од македонската влада, а потоа со полициска придружба заминале на средба со премиерот’, наведува ПроПублика.

Премиерот Христијан Мицкоски, лидерот на конзервативната националистичка партија во земјата, пишува во анализата не открил ништо за средбата.

„Засега, не би открил детали“, им рекол тој на локалните новинари кои известуваа за средбата, потсетува ПроПублика.

Малку повеќе за оваа средба подоцна открил, Крис Павловски, кој го придружуваше Нунес на патувањето како извршен директор на Рамлб, кога рече дека разговарале за договор за услуги во клауд технологија за македонската влада.

За ПроПублика состанокот на првиот човек во бизнисот на Трамп привлече внимание затоа што е прв познат случај со кој медиумската компанија на поранешниот претседател директно да се занимава со странска влада и тоа за широк опфат на безбедносни, економски и дипломатски прашања поврзани со идната администрација доколку Трамп победи на изборите во САД.

Токму ова е прашање кое предизвикува сомнеж затоа што, според ПроПублика Трамп Медиа и неговата платформа слична на Твитер, Truth Social, претставуваат можности за влијание. Огласувачите, продавачите или инвеститорите кои имаат политички агенди би можеле да ги искористат своите деловни односи со претпријатието за социјални медиуми за да бараат поволен третман од администрацијата на Трамп, сугерира ПроПублика.

Портпаролот на Трамп Медиа не одговорил на прашањата за оваа средба на високите соработници на Трамп со Владата на Северна македонија, вклучително и за тоа каква улога може да има компанијата во таков договор или дали е постигнат.

ПроПублика само ја пренесува саркастичната изјава на портпаролот на Трамп во која се вели:

„Генијалците на ПроПублика, на наше вознемирување, го открија тајниот план на Девин Нунес да ја обнови империјата на Александар Велики и да го прогласи Крис Павловски за крал на Македонија“.

ПроПублика не добиле одговори ниту на прашањата што ги испратиле до службата за односи со јавност на Владата во Скопје.

ПроПублика потсетува дека за времето на претседателскиот мандат на Трамп бизнисите на Трамп имаа бројни зделки во странство дури и откако неговиот адвокат вети дека неговите компании нема да склучуваат нови странски договори додека тој е претседател.

Ако македонската влада направи договор со Трамп Медиа или нејзините партнери и ако Трамп повторно биде избран за претседател, тоа би можело да биде уште еден пример во кој неговите приватни деловни интереси се вкрстуваат со надворешната политика на САД, пишува ПроПублика.

„Тие сакаат да се дружат со Трамп“, наведува ПроПублика една изјава на претставник на Трамп кој е вклучен во источноевропските прашања, истакнувајќи дека Северна Македонија бара поддршка од САД во дипломатските спорови со соседите. „Имаме огромна моќ“.

На Нунес на јулското патување му се придружија уште две фигури во орбитата на Трамп, потсетува ПроПублика: Крис Павловски, извршниот директор на Румбл и Хауард Лутник, донатор на Трамп и извршен директор на Вол Стрит, кој му помогна на Рамбл да излезе на берзата и неодамна беше именуван за копретседател на тимот за планирање на транзицијата на Трамп.

Павловски, Канаѓанец чии родители се од Северна Македонија, е ко-основач на фирма за ИТ аутсорсинг која вработува развивачи на софтвер во Северна Македонија и која обезбедува услуги за Трамп Медиа. „ПроПублика“ претходно објави дека „Трамп медиа“ склучил договор со аутсорсинг фирмата на Павловски во земјава и обезбедил специјална виза за македонски кодер кој сега е главен директор за технологија на компанијата.

Павловски има изјавени дека се сретнал со македонскиот премиер „повеќе пати“ и дека „разговарале за можноста за директно вклучување на Rumble Cloud во дигиталната трансформација на нивната земја“.

Сцените од патувањето на групата во Северна Македонија покажуваат дека раководителите на медиумите се пречекани речиси како шефови на држави во посета, почнувајќи од она што Павловски во објава на Инстаграм го опиша како „прилично кул… легална полициска придружба од аеродромот“.

Сликите објавени од македонската влада, членови на националистичката партија која дојдоа на власт по изборите во мај, покажуваат дека Нунес седи спроти премиерот еден ден, а следниот покрај претседателот на земјата, се среќава под огромен мозаик од плочки што прикажува сцени од македонската историја. Владиниот министер задолжен за „дигитална трансформација“ исто така навести во пост на LinkedIn за потенцијални деловни зделки, велејќи дека „инвестицискиот потенцијал што го нудат овие водечки светски компании може да ја револуционизира нашата дигитална инфраструктура“.

Неодамнешниот избор на Мицкоски за премиер го означува враќањето на власт за десничарската националистичка партија во Северна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, а експертите од регионот за ПроПублика истакнале дека партијата го гледа Трамп како природен сојузник и како некој чија со чија поддршка можат полесно да ги „подмират“ барањата на ЕУ.

ПроПублика ги наведува и другите зделки на актуелни и поранешни високи функционери на Трамп кои покажуваат бизнис интереси на Балканот, како што е зетот на Трамп, Џаред Кушнер, кој склучи договори за развој пазарот на недвижнини во Албанија и во Србија.

Двата договори предизвикаа критики поради перцепцијата дека помагањето на бизнисот на Кушнер може да биде начин да се добие наклоност во втората администрација на Трамп.

Слични реакции имаше и за посетите на друг поранешен функционер на Трамп, Ричард Гренел за кој ПроПублика наведува дека е полуофицијален пратеник на Трамп, кој има за цел да се среќава и да им понага на десничарските партии ширум светот.

И Гренел беше во Скопје и се сретна со новиот премиера, меѓу темите за кои се разговарало била онаа за инвестирање во огромен хидроенергетски проект.

Зачлени се на нашиот е-билтен