Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Баба Монди, „папата“ на државата на Бектaшите по моделот на Ватикан во Албанија: Тесно ќе соработуваме со САД и ЕУ

Се очекува Албанија да му додели територијален суверенитет на Редот Бекташи, суфиска шиитска исламска заедница, за која се вели дека застапува мир, толеранцијата и духовната умереност. Воспоставувањето на суверена држава на редот Бекташи го отсликува моделот на Ватикан, дозволувајќи му на Редот самостојно да управува со своите работи. Со глобални импликации, оваа иницијатива се смета за значаен чекор во спротивставувањето на верскиот екстремизам и поттикнувањето на меѓуверскиот дијалог. Пренесуваме делови од интервјуто што со Хаџи Деде Едмонд Брахимај, познат и како Баба Монди, главен татко на редот Бекташи, кој за www.shqiptarja.com говори за значењето на оваа нова суверена држава.

Баба Монди за признавањето на суверенитетот за Бекташкиот ред и неговите следбеници тоа е трансформативен момент за Бекташкиот ред кој ќе овозможи да се заштити и унапреди нашата духовна мисија на Бекташкиот ред за промовирање мир, толеранција и љубов кон човештвото на глобално ниво.

Тој вели дека создавањето на суверена држава на редот на Бекташи ќе им даде автономија да продолжат со нивната работа без мешање однадвор за да управуваат со верските и административни работи слично како Ватикан.

„Ова ново поглавје за бекташиската заедница гарантира дека нашиот глас, кој долго време се залага за умереност и меѓуверски дијалог, ќе резонира помоќно низ целиот свет“, истакнува Баба Монди.

За Баба Монди Албанија историски била светилник на верскиот соживот и овој чекор е доказ за напредната природа на албанската влада под визионерско водство на премиерот Еди Рама, кој ја препознал важноста да им се даде простор за да се промовира мир.

Баба Монди посочува дека државјанството во суверената држава на редот на Бекташи ќе биде ограничено на членовите на свештенството и оние кои се директно вклучени во администрацијата на државата, слично како што е структурирано државјанството во Ватикан.

„Тоа е затоа што нашиот фокус е на духовното управување, а не на создавање на големо, политички дефинирано население“, вели Баба Монди.

Тој укажува дека нивната држава е првенствено духовен ентитет, а целта е да се зачува способноста на Бекташискиот ред како духовен дом за следбениците на редот низ целиот свет, нудејќи им место за засолниште и застапување, дури и ако тие не се формални граѓани.

Бекташкиот ред планира да придонесе во глобалната борба против екстремизмот, вели Баба Монди, за кој укажува дека редот на Бекташите отсекогаш стоел како глас на умереноста во исламот.

„Со нашиот новопризнаен суверенитет, ние сме во посилна позиција да се спротивставиме на радикалните идеологии што го погодија не само муслиманскиот свет, туку и глобалните заедници во целина. Активно ќе се вклучиме во меѓуверска соработка, ќе ги прошириме образовните програми и ќе поттикнуваме културни размени кои промовираат толеранција и мирен соживот“, истакнува поглаварот на Бекташите во Тирана.

Баба Монди во интервјуто вели дека планираат тесно да соработуваат со меѓународните партнери, вклучително и нациите како што се Соединетите Американски Држави и Европската Унија и земјите од Блискиот Исток, кои, вели тој, изразиле силна поддршка за оваа иницијатива.

На критиките дека овој потег политичка содржина Баба Монди вели дека нивниот фокус е целосно духовен, а не политички.

„Оваа иницијатива не е за самоопределување, ниту ние бараме политичко влијание или моќ. Наместо тоа, бараме слобода да ја продолжиме нашата вековна традиција на духовна умереност и религиозна инклузивност“, нагласува Баба Монди.

Тој вели дека очекува меѓународната заедница да ја препознае важноста од поддршката на умерените верски гласови како што е редот Бекташи и дека со другите верски заедници ширум светот ќе работиат тесно со христијанските, еврејските и другите муслимански заедници за да поттикнеме разбирање, почит и соработка меѓу различните вери.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново