Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски како Вучиќ, побара прошка од синот на социјалните мрежи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на Фејсбук веднаш откако Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на седница утврди дека неговиот син во јули годинава не патувал на државен трошок на Самитот на НАТО во Вашингтон, како и во Њујорк, побара прошка од својот син Јован.

Но ова е веќе видено сценарио, во јули српскиот претседател Александар Вучиќ објави фотографија и текст според кој тој порача дека нема да дозволи напади врз неговиот син, но и врз ничие дете, а рече и дека ќе побара прошка за монструозните закани упатени кон син му, а дел од нив гласеле дека тој ќе биде посипан со ураниум.

-Со години ги кажуваат најлошите и најтешки зборови. Јавноста молчи, Обвинителството, полицијата, судовите молчат. Тој веќе не е дете, туку тој секогаш ќе биде мој син, напиша Вучиќ на инстаграм-профилот.

Мицкоски пак напиша дека вистината победила.

-А ти синко…, додаде во објавата, те молам да ми простиш, не си ти виновен што мора сето ова да го живееш. Заедно ќе живееме за да победиме за Македонија и никогаш повторно ова да не му се случува на ниту еден тинејџер во иднина, напиша Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен