Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Тему“ пред обвинение за проджаба небезбедни производи и злоупотреба на детски труд за поевтини цени

Европската комисијата побара од веб сајтот за електронска трговија „Тему“ да и достави детални информации за мерките што ги презел за спречување на продажбата на илегални производи и стоки преку неговата платформа. 

Дополнително, ЕК бара од „Тему“ и информации за преземените мерки за ублажување на ризиците поврзани со заштитата на потрошувачите, јавното здравје и благосостојбата на корисниците и заштитата на нивните лични податоци. 

На овие барања, упатени согласно одредбите на Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), „Тему“ е должен да даде одговори најдоцна до 21 октомври. 

Истрагата на Европската комисија дојде откако слични постапки беа покренати во САД и претходно во Јужна Кореја за онлајн трговија си производи кои не се безбедни за употреба, особено за децата.

Американските медиуми неодамна објавија дека се откриени повеќе производи за бебиња и деца кои не се безбедни, како дуксери кои го зголемуваат ризикот од задушување или не ги исполнуваат стандардите во однос на материјалите од кои се направени.

Претходно и јужнокорејските власти објавија дека голем број производи на Тему го зголемиле нивото на опасни хемикалии во нивните производи.

„Тему“ е кинеска компанија која влезе во глобалниот бизнис со онлајн трговија, и која покрај обвиненијата за небезбедни производи се соочи и со сомнежи и обвиненија дека ги „краде“ приватните податоци на потрошувачите и дека во својата работа злоупотребува деца и социјално загрозени работници во субстандрадни услови за работа за да ја намали цената на своите производи.

Врз основа на проценката на одговорите на „Тему“, Комисијата ќе ги одреди своите следни чекори, кои би можеле да вклучат и формално отворање на постапка против веб страницата за непочитување на обврските што произлегуваат од ДСА.  

ЕК, исто така, може да изрече парични казни за давањето неточни, нецелосни или погрешни информации или за неодговарање на доставените барања. 

Согласно одредбите од Законот за дигитални услуги, „Тему“ доби статус на „многу голема онлајн платформа“ на 31 мај годинава, со што најдоцна до 8 овој месец требаше до ЕК да достави Извештај за проценка на ризиците од неговата работа, врз основа на кој се доставени барањата за дополнителни информации. 

Ова е второ барање за дополнителни информации од страна „Тему“, доставени од ЕК по она од 28 јуни, со кое беа побарани податоци за механизмите за известување и дејствување против продажбата на илегални производи преку оваа платформа, за спречување на т.н. „темни шеми“ за измами и наведување на корисниците, за заштита на малолетници, за неговата транспарентност, за контролата на онлајн трговците и за усогласеност на неговиот дизајн за законските барања. 

Зачлени се на нашиот е-билтен