Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Така зборуваше младиот Орбан: Нафтата доаѓа од исток, но слободата секогаш доаѓа од Запад

Во говорот на Виктор Орбан во 2007 година, по повод 19-годишнината од основањето на партијата Фидес ја испратил оваа порака до идните генерации:

„Нафтата може да доаѓа од исток, но слободата секогаш доаѓа од Запад. Не дозволувајте Унгарија да биде исфрлена од колосекот на западниот развој“.

Останал забележан говорот во кој Орбан пред своите сопартијци уште им порачува:

„Не им ја покажавме вратата за да се вратат низ прозорецот (на Русија, н.з.). Го отворивме прозорецот за Западот, а на Русија и на комунизмот им ја покажавме вратата. Мојата порака е дека нема да им дозволиме да се провлечат повторно низ прозорецот. Мојата порака за идните генерации е да не им дозволат да се случи тоа“.

Орбан уште повикал на одбрана на западноевропскиот стил на демократија.

„Да не дозволите Унгарија да отстапи од тој пат. Да го почитувате фактот дека Унгарија е западнодемократска земја која верува во слободниот избор и во взаемното разбирање како вредности на западната култура. Нафтата може да доаѓа од исток, но слободата доаѓа од запад. Демократијата не може да се контролира од горе, туку се негува во срцата на луѓето“.

Така зборуваше Виктор Орбан во 2007 година.

Говорите на Виктор Орбан се архивирани на профилот Young Orban @FiatalOrban на платформата „Х“.

Зачлени се на нашиот е-билтен