Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Вознемирувачко видео]: Тепачки во црква во Украина

Борбата за храмот меѓу верниците и црковните лица на Украинската православна црка – Московска патријаршија и на Православната црква на Украина продолжува.

Украинските медиуми пренесоа дека „стотици маскирани лица упаднале во катедралата Архангел Михаил на Украинската православна црква (УОЦ) во Черкаси и ја зазеле“.

Во катедралата, која е прогласена за гарнизонска црква на украинските вооружени сили, се одржувала литургија кога упаднале околу 100 маскирани лица. Припадниците на Украинската православна црква на Московската патријаршија ја скршиле влезната врата и фрлиле солзавец врз верниците на Православната црква на Украина.

Според медиумите, тепачката во двоворот се пресилал и во храмот меѓу верниците на Православната црква на Украина и Украинската православна црква на Московската патријаршија, а тензиите започнаа откако црквата во Черкаси била пренесена во владение на Православната црква на Украина (ОКУ).

Зачлени се на нашиот е-билтен