Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Харис за Си-Ен-Ен: Трамп е фашист, опасен и неспособен за функцијата за која се кандидира

Потпретседателката на САД и кандидатка на демократите на претседателските избори, Камала Харис на директно прашање дали мисли дека Доналд Трамп е фашист, таа одговори: „Да, мислам“.

Харис и самата тој збор првпат го употреби во јавност, изразувајќи го своето уверување дека на гласачите им дошло до тоа да „немаат претседател на САД кој им се восхитува на диктаторите и кој е фашист“.

Таа го нарече републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп „фашист“, опишувајќи го како „опасен“ и „неспособен“ за функцијата за која се кандидира.

Харис во емисија на Си-Ен-Ен рече дека се согласува со поранешниот шеф на кабинетот на Доналд Трамп, Џон Кели, кој претходно оваа недела изјави дека неговиот поранешен шеф ја исполнува „општата дефиниција за фашист“, објави „Ен-Би-Си Њуз“.

Харис рече дека коментарите на Кели, кои се објавени само две недели пред изборите на 5 ноември, биле „итен повик до американскиот народ“.

„Мораме да ги сфатиме многу сериозно оние луѓе кои најдобро го познаваа“, рече Харис, мислејќи на голем број поранешни советници на Трамп кои ја прекинаа соработката со него и ја предупредија јавноста да не му ја доверува власта повторно.

 

Зачлени се на нашиот е-билтен