Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Арсовски: Меѓународната заедница се обидува да ги расчисти политичките наративи пред изборите

Во контекст на најновите збиднувања на политичката сцена во Северна Македонија и претстојните настани и посети на високи државни претставници на меѓународната заедница, разговаравме со Петар Арсовски, политички аналитичар и почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург.

На прашањето за коментар за средбата Ковачевски – Заев – Ахмети, Арсовски вели дека ја толкува како обид за оформување на Европскиот фронт.

„Средбата Ковачевски – Заев – Ахмети ја толкувам како обид да за оформување на тој Европски фронт. Мислам дека не е голема тајна дека меѓународната заедница сака да го види Балканот на неповратен пат кон ЕУ. Тоа кај нас е поврзано со уставните измени и нестабилност во политичката ситуација ви за ви изборите. Во таа смисла средбата Ковачевски-Ахмети-Заев е обид да се зацврсти европскиот фронт, можеби да се направи и предизборна коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и Алијанса, во обид таа коалиција ја состави наредната Влада“, вели Арсовски.

Во таа насока Арсовски ја толкува и средбата на Маричиќ и Зечевиќ со Самоопределување.

„Во таа насока ја толкувам и средбата на генералниот секретар и скретарот за меѓународни односи на СДСМ во Косово. Мислам дека таа е обид да се вклучат регионалните играчи, исто така, во обид да се направи тоја Европски фронт. Во моментот знаеме дека Албин Курти ја поддржува албанската опозиција, а знаеме дека таа преговара со Алијанса за нивно вклучување. Мислам дека тоа е обид да не се растури Европскиот фронт, туку да се засили и политичкиот интерес на  „Самоопределување“ да не го спречи формирањето на Евроспкиот фронт во Македонија“, вели Арсовски.

Доаѓањето на Џим О’Брајан и високите претставници од Брисел, за Арсовски се со иста цел, пред изборите, поддршка на уставните измени и определување за патот кон ЕУ.

„Мислам дека и посетата на Џим О’Брајан треба да се толкува во таа насока, обид на меѓународната заедница да ги расчисти политичките наративи пред изборите. Односно, да ги состави политичките наративи кои ги поддржуваат уставните измени на куп“, заклучи Арсовски.

Б. Јордановска (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира