Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Аудио-снимката од 2021 година ја потврдува соработката Мицкоски-Камчев

Американската амбасадорка Анџела Агелер на неодамнешната прес-конференција истакна дека не може да каже каков ефект во целост ќе имаат американските санкции за бизнисменот Орце Камчев, но укажа дека со овие санкции може да бидат опфатени и оние кои соработувале или биле поврзани со него во активностите за кои што е ставен на црна листа.

Амбасадорката на САД Анџела Агелер со министерот за правда Кренар Лога

Засега не се знае кој сè од соработниците на Камчев би биле опфатени, но од она што во јавноста се знае е дека тој имал конекции и со актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во 2021 година се појави аудио-снимка во јавноста во период кога во тек беа партиските преговори за Законот за јавно обвинителство. Од неа можеше да се чуе разговор на Мицкоски во кој директно се споменува Камчев, како и детали од нивната соработка.

Во снимката можеше да се чуе дека Камчев ги платил сметките на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак за возврат партија се бори да не му се суди во случаите на СЈО. Мицкоски за односите со Кмачев му зборува на Зоран Милески Кичеец.

-Кога дојдов во партијата немав ништо платено, сметки за струја, парно, кабелска, а он ми подаде рака и јас тоа многу го почитувам. Ако се донесе законот, ваков каков што е, тогаш предметите на Камчев ќе останат. Јас сум единствениот што се борам против законот, коментира Мицкоски во снимката, со што директно се потврдува релацијата Мицкоски-Камчев.

Инаку, американското Министерство за финансии вчера го означи Орце Камчев за вмешаност во значајна корупција, согласно извршната наредба на претседателот Џо Бајден од јуни 2021 година за справување со заканите по стабилноста на Западен Балкан.

-Можам да кажам дека како дел од овој конкретен закон, тој исто така ги вклучува и оние кои соработувале и биле поврзани во некои од овие активности со лицата кои се санкционирани од Министерството за финансии и тоа може да биде утврдено. Тоа значи дека и нивните средства се замрзнати или блокирани, како што беше кажано. Како што повеќето од вас знаат, голем дел од меѓународното банкарство поминува низ САД, низ главните банки во САД. Па така, последиците се многу значајни. Каков ќе биде вистинскиот ефект тука, не знам, и искрено сметам дека нема да знаеме уште некое време“, кажа Агелер, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе бидат засегнати компаниите кои што соработувале со компаниите на Камчев.

Зачлени се на нашиот е-билтен