Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ризвановиќ: Европа ја презема палката за воена помош на Украина

Прекинот на помошта од САД влијае многу врз руската агресија и ја дведе Украина во прилично неповолна ситуација и едноставно сега украинската војска нема артилериска муниција, се потпираат најмногу на дронови, но тие не можат да ја заменат артилеријата“, рече новинарот Сеад Ризвановиќ во програмата на Слободен Печат.

Тој смета во ситуација кога американската помош се уште е блокирана, Европа ја презема одговороноста за воена помош за Украина.

„И додека американската воена помош е блокирана во Конгресот, вчера Европскиот парламент донесе резолуција за одборубање на помош од некаде 50 милијарди евра. Сега Европа ја презема плаката. Франција и Германијанајавија брза лента за снабдување на Украина, пред се со артилериска муниција, и сега Европа се обидува да го компензира она што е заглавено во Америка за Украина да може да се одбрани“, порача Ризавановиќ

Според Ризвановиќ, земјите членки на НАТО заедно имаат далеку поголеми воени капацитети од Русија имаат каапцитети да ја помагаат Украина, но прашање е политичката волја, како и сложената координација во рамки на ЕУ, на НАТО и меѓусебните односи на земјите членки.

Треба да знаете
Moже да ве интересира