Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Што и колку направи ЦИВИЛ во текот на четиримесечниот мониторинг на изборниот процес?

ЦИВИЛ МЕДИА, една од најпознатите медиумски платформи во Северна Македонија како медиум постои од 2009 година. Формирана во доба на медиумски мрак и заробување на државата, оваа медиумска платформа ѝ даде голема видливост на својата матична организација ЦИВИЛ – Центар за слобода (формиран во 1999 година), и посведочи на растењето и трансформациите на организацијата.

ЦИВИЛ МЕДИА од самиот почеток му даде голем и автентичен простор на граѓанскиот сектор, каде што јавноста можеше да добие брзи и навремени информации за динамичниот граѓански активизам, бескомпромисната заложба за човековите права и слободи, за граѓанскиот отпор против авторитарниот режим, Шарената револуција, мултикултурализмот, и демократскиот дискурс на земјата од 2017 година наваму.

Воедно, медиумската платформа на ЦИВИЛ беше слободен медиумски простор за исклучително квалитетни анализи по сите клучни теми и прашања на општеството и на главните политички текови во земјата и во светот. Раѓањето на ЦИВИЛ МЕДИА речиси кореспондира и со почетокот на изборниот мониторинг што го спроведува организацијата од 2008 година. Со тие и низа други области на покривање, преку успешна комбинација и прилагодување на високостручните содржини до широката публика. Така, ЦИВИЛ покажа дека тинк-тенк организација може да биде достапна и отворена за сите, а не само за мал круг на луѓе, што обезбеди простор за учество на голем број луѓе во демократските процеси и општествените промени.

Тоа е медиумска платформа што обединува динамичен блок за дневни вести со богата рубрика за опинион и извонредни извештаи и анализи за изборни и општествено политички процеси и настани во земјата. Сепак, има неколку области кои ретко која медиумска платформа ги покрива со изворен сензибилитет, знаење и искуство. Тоа се, покрај наведените теми и области, дезинформациите и хибридните закани, руската воена агресија против Украина и други воено безбедносни кризи, како што се војната на Израел во Газа и немирите во Грузија, како и темите за мултикултура и односите меѓу заедниците, а не треба да се изостават и областите како контрола на оружјето, циркуларната економија, зелената агенда и низа други.

„Украина – две години хероизам“ – голема мултимедијална конференција на ЦИВИЛ во Скопје

Повод за овој осврт кон работата и функционирањето на медиумската платформа на ЦИВИЛ е продукцијата за време на изборниот процес во земјата, поточно, од гласањето на техничката влада на 28 јануари до средината на мај.

Познато е и дека мониторингот на ЦИВИЛ продолжува и по изборите до целосно конституирање на новиот состав на парламентот, а потоа и формирањето на владата, по што ќе следи конечен и сеопфатен извештај, анализи и препораки од овој извонредно динамичен и значаен изборен процес.

Прес-студио на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ МЕДИА од крајот на јануари до средината на мај објави повеќе од 600 медиумски содржини, повеќето авторски текстови, за политичкиот живот и изборите во целина. Почнувајќи од изборот на техничката влада со премиерот Талат Џафери па сè до двојните избори, претседателски и парламентарни.

Во овој период ЦИВИЛ МЕДИА обелодени голем број случаи со дезинформации пласирани во медиумите и на социјалните мрежи. Дури 160 авторски текстови се објавени на овие теми за четири месеци.

ЦИВИЛ МЕДИА, со нивната историја на објективност и критички пристап кон разни општествени проблеми, го поставија стандардот за неприкосновеност во областа на аналитичкото новинарство. Нивните извештаи и анализи се карактеризираат со деталност, пристапност и објективност, што ги прави ценети извори на информации за многумина, како во земјата, така и во регионот и светот. Во оваа рубрика, ЦИВИЛ МЕДИА во овие четири месеци објавува 116 анализи, посветени на домашните политички и општествени прашања, но и на крупните меѓународни настани, конфликти и појави во светот.

Една од анализите што го привлече вниманието на потписникот на овие редови на самиот почеток од споменатиот период, е истражувањето Кукасти крстови, нео-нацистички симболи и антисемитски пораки во дворот на две училишта во Кочани. Во радиус од само дваесетина метри, се вели во истражувањето, се забележани десетици симболи на нацизмот, неонацизмот и други екстремистички пораки, во амбиент во кој секојдневно има деца и млади.

Токму ова истражување може да послужи како илустрација за ефектот од работата на оваа медиумска платформа, резултираше со отстранување на дел од нацистичките симболи и пораки. Се разбира, останува отворено прашањето и за институционална и општествена акција по овие и ваквите истражувања. Во секој случај, очигледно е дека се потребни вакви истражувања, извештаи и анализи што придонесуваат кон општо сензибилизирање на јавноста.

Во рубриката Едукација има плејада текстови и видеа за ова тема почнувајќи од анализите на тимот предводен од главниот уредник Џабир Дерала, до кратки едукативни текстови со дефиниции на важни поими поврзани со медиумската писменост и гласачката култура. Меѓу анализите, освен оние од врвни експерти и универзитетски професори, може да се издвојат и две анализи од млади авторки, чии текстови точно лоцираат каде младите се најранливи.

Насловите се прилично илустративни, но треба да се прочитаат и самите текстови: „Информација или манипулација: Новата опасност која ги демне младите“ од Марија Тодоровска и „Колку поглупава е една лажна вест, толку побрзо и подалеку патува“ од Блерина Тахири. Понатаму, тука се и кратките едукативни видео и текстуални прилози како: Хибридно војувањеПропаганда, што е тоа?Што е говор на омраза?Што е ТРОЛ армија? ДипфејкПотекло на зборот дезинформација. И тоа не е крај на едукацијата. ЦИВИЛ отвори и Дигитална библиотека во која се поместени повеќе интересни онлајн книги и публикации што се корисни за секој заинтересиран и активен граѓанин или граѓанка. Споменатите наслови се објавени во едукативната брошура „Ослободи го умот“ на македонскиалбански и ромски.

ЦИВИЛ – Центар за слобода како организација ги мониторира изборите од 2008 година, а и за оваа тема има објавено корисни едукативни текстови како: Што е гласачко ливче?Што е изборен материјалШто е изборна кампања?Што е избирачки список?Сѐ што треба да знаете за изборниот процес, правото на глас и дезинформациите и низа други.

ЦИВИЛ спроведува долгорочен мониторинг на изборните процеси во земјата од 2008 година. Како и во претходните години, по Пржинскиот договор, дел од мониторингот на ЦИВИЛ се состои и во надзор на работата на техничката влада, чиј состав оваа година беше изгласан во парламентот на 28 јануари.

Во тој период, како да не беше доволно сè друго што направија за време на изборниот процес, ЦИВИЛ-ите ја лансираа веб страницата ГЛАСАЈ. На оваа веб страница се објавуваа текстови и видео содржини за граѓанска едукација за правото на глас и важноста на граѓанското учество во изборните процеси, како и релевантни вести и проверени информации за изборите и линкови до официјални извори.

ЦИВИЛ МЕДИА само во текот на овие четири месеци продуцира 25 големи видео интервјуа, и објави 235 изјави во текстуален и видео формат, или видео продукција од 137.

Во рубриката со привлечен назив, Политички океј корал, како и општата рубрика Политика, ЦИВИЛ МЕДИА од февруари до средината на мај 842 текстови поврзани со политичкиот живот на земјата, пред и по изборите.

Тука секако се и 163 колумни на познати и релевантни авторки и автори кои пишуваа за ЦИВИЛ. Секој од нив, на различен начин придонесоа кон јакнење на јавната свест.

Како специјализирана медиумска платформа, ЦИВИЛ објави 16 извештаи за говорот на омраза во медиумите и социјалните мрежи. Понатаму, објави и повеќе од 110 видео содржини на својот ЈутубКанал, како и 16 директни вклучувања во живо од Прес центарот на организацијата, вклучително и 8 на самите денови на гласањето. Сите прес конференции што ги одржа ЦИВИЛ оваа година беа на македонски и албански. Интересот на медиумите за овие содржини беше голем што се гледа од големиот број споделени содржини, линкови и видео содржини во другите медиуми, како и гостувања во радио и ТВ емисии, како МРТВ 1 и 2, Алсат-М, Клан, Слободна ТВ и други.

ЦИВИЛ беше една од адресите на кои се обраќаа дел од домашните и странските набљудувачки мисии, како и странските новинарски куќи, за да добијат релевантни и детални информации за изборниот процес во земјата.

И сето тоа за четири месеци. И веројатно тоа не е сè. Во овој осврт се користени само онлајн ресурсите со „потписот“ на ЦИВИЛ. Теренските активности на организацијата овде не се опфатени.

Назми Абдурахмани

Треба да знаете
Moже да ве интересира