Apple TV конечно доаѓа во Македонија – и тоа преку iCloud+ без доплата

Apple ја проширува својата стриминг-платформа Apple TV во Македонија, која е меѓу повеќе од 100 пазари опфатени со новиот пакет на компанијата. Услугата ќе биде вклучена во сите платени iCloud+ претплати без дополнителен надомест.

На официјалната страница на Apple за Македонија веќе стои дека Apple TV и Apple Arcade се вклучени во iCloud+, а нивната достапност е означена како „Coming soon“. Компанијата најавува дека проширувањето ќе се реализира постепено до крајот на септември.

Тоа значи дека и корисниците на најевтиниот iCloud+ пакет од 50 GB, кој за Македонија е наведен по цена од 0,99 долари месечно, ќе добијат пристап до Apple TV и Apple Arcade. Пакетите од 200 GB и 2 TB се наведени по 2,99 и 9,99 долари месечно.

Apple TV е стриминг-сервисот на компанијата со сопствени филмови и серии, меѓу кои „Ted Lasso“, „Severance“, „The Morning Show“ и други Apple Originals. Не станува збор за физичкиот Apple TV уред, туку за платформата за гледање содржини преку апликацијата Apple TV на iPhone, iPad, Mac, поддржани паметни телевизори и преку интернет.

Со истата претплата корисниците во Македонија ќе добијат и Apple Arcade, сервисот со повеќе од 200 игри без реклами и дополнителни плаќања во самите игри.

Дополнителна предност е Family Sharing. Една iCloud+ претплата може да се сподели со уште пет членови на семејството, при што пристапот до Apple TV и Apple Arcade се споделува автоматски, додека личните податоци, препораките и датотеките остануваат одвоени.

Македонија е на официјалната листа на земји во кои новиот iCloud+ пакет ќе биде достапен, заедно со Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово и други пазари. Интересно е што во оваа фаза новиот модел не се воведува во дел од најголемите западни пазари, меѓу кои САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Шпанија.

Со новото проширување Apple TV пристигнува во уште 59 земји и ќе биде достапен на вкупно 170 пазари во светот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?