Гасната когенеративна централа на Митилинеос и другите стратешки инвестиции во енергетиката, влог за енергетска независност и до 40% пониска цена на парното. Енергетската независност со стабилни и одржливи капацитети овозможува и долгорочни планирање и во себе го содржи и социјалниот момент за ниски цени на енергијата за граѓаните
Кога на крајот на минатата година беше објавено дека првите количини втечен гас од проектот Александропули ќе бидат испорачани до крајот на оваа, 2024 година, освен како порза за скептиците кои го оспоруваа овој проект во кој Северна Македонија, односно Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) е партнер, стана јасно дека нашата земја направи сериозен чекор да се ослободи од гасот од истокот, односно од Русија и Гаспром.
Проектот е клучен за енергетската транзиција на Македонија, забрзувајќи го исфрлањето на капацитетите на јаглен преку замена со високоефикасни капацитети на гас, транзиција која ќе биде дополнително олеснета преку политиките на Владата за обезбедување на сигурно и диверзифицирано и стабилно снабдување со природен гас преку интерконекции со Грција.
Она што е уште поважно е дека пристапот до стабилно снабдување со втечен гас од САД, Катар, Египет и други земји е од огромно значење за натамошните, стратешки инвестиции во енергетиката, како што е, на пример, когенеративната гасна електрана на грчкиот енергетски гигант „Митилинеос“, како еден од четирите голема стратешки инвестиции за стабилизирање на енергетските капацитети и потенцијал на земјата.
Влог за енергетска независност и до 40% пониска цена на парното
Кои се придобивките од гасната когенеративна електрана што треба да ја изгради грчки „Мтилинеос“? Како прво, кога ќе биде ставена во функција, оваа гасна когенеративна електрана ќе обезбеди сигурна, стабилна и континуирана испорака на струја. Тоа треба посебно да се земе предвид затоа што тоа е процес кој ја дефинира енергетската сувереност на државата кој е условен од обезбедувањето на базна енергија, која е всушност фундамент во функционирање на електроенергетскиот систем.
Оваа когенеративна постројка во исто време ќе обезбеди повеќе од 275 GWh топлинска енергија за централно греење и се очекува да има директно значајно намалување на цената за парно. Проценките се дека може да дојде до намалување на цената на парно и до 40%.
Стратешки инвестиционен проект, гасната когенеративна електрана на Митилинеос е еколошки и со тоа се вклопува идеално во планот за забрзана енергетска транзиција на земјава кон зелената ЕУ агенда. Ако од една страна се случува Елдорадо во инвестиции на фотоволтаици и се произведува струја од сонце, сега со оваа постројка ќе се замени јагленот од РЕК Битола со струја од природен гас.
Проектот е од големо стратешко значење за нашата земја и ќе ги подобри условите на животната средина во Градот Скопје. Овозможува проширување на централното греење правејќи го достапно до поголем број на граѓани и намалување на дефицитот во трговијата со енергија
Покрај декарбонизација, со своите капацитети за производство на топлинска енергија овод стратешки инвестиционен проект ќе доведе до можности за намалување на загадување на воздухот во Скопје за време на зимскиот период.
Постројката ќе му овозможи на градот централно греење со ниска емисија на гасови и електрична енергија, како поддршка на транзицијата на државата кон попријателски енергетски микс кон природата и зајакнување на нејзината безбедност во снабдувањето со енергија.
Истовремено, од оваа стратешка инвестиција се очекува забрзување на економскиот раст на Северна Македонија, кој се прогнозира да биде значаен на среден до долг рок, поддржан од амбициозната програма за економски реформи на патот на државата кон пристапувањето во ЕУ.
Стратешките инвестиции се влог во циклус на изградба на капитални енергетски капацитети
Со стратешките инвестиции Македонија влегува во циклус на изградба на капитални енергетски капацитети кои не билде градени во изминатите 30 години.
„Морам да искажам разочарување што универзитетски професори се против енергетски инвестиции кога 30 години не се изградил ниту еден капитален енергетски објект. Зборуваме за искуство што треба да го имаат професори со кое би учествувале во изградба на објекти и тоа се стекнува доколку се учествува во самата изградба или проектирање на истата. Ние немаме таков капацитет. Ниту еден државен термо капацитет од осамостојувањето до сега не е изграден. Немаме професори кои учествувале во таков објект. Те-То е проектиран од шпанска компанија, граден од турска компанија. Се што е приватно не чини, таа теза не одговара. Не треба да ги избркаме тие луѓе кои инвестирале тука, и тоа останува кај нас, се ангажирале домашни луѓе, земале пари од наши и странски банки, вработиле наши инженери. Сите тие инвестиции што ги објавува РЕК се домашн инвестии“, истакна Виктор Андонов, директор за развој и инвестиции во ЕСМ во еден свој медиумски настап.
Андонов за реакциите на дел од стручната јавност коишто ги оспоруваат вредностите на планираните стратешки инвестиции во енергетиката, вели дека се извор на дезинформации кои прозилегуваат од површната анализа на договорите за стратешките инвестици, а некои од оние што не ги препознаваат придобивките и самите признале дека не ги ни прочитале.
Тој се осврна на професор од Машинскиот факултет го искритикулвал проектот уште пред да го прочита, при што истакнал „Не сум го видел предлог законот, но од она што е веќе објавено во јавноста, може да се види дека владата по секоја цена сака инвеститорот да го задржи и дека договорот е штетен“.
„Пред две недели излезе студија на Светски Економски Форум, кои се ризиците за светската економија за 2024 година и детектира четири ризици: геополитички промени, климатски катастрофи, економска нееднаквост и дезинформаци. Ние сега се соочуваме со еден од четирите предизвици со дезинформации за сите проекти кои треба да се градат“, посочува Андонов.
За Андонов клучни за економскиот развој на државата се и државните и приватните инвестиции во енергетиката.
„Државата треба да се развива и ние имаме две стратегии, едната во 2010 и 2019 година, и во двете стратегии за развој, па дури и во таа во 2010 година каде што и проф. Димитров учествувал, пишува дека дел од објектите треба да бидат изградени од приватен сектор. И во таа од 2010 година пишува дека Чебрен и Галиште треба да бидат дадени и реализирани по пат на концесија. И во документот од 2019 година, пишува дека не може да се направи, да се изгради одржлив енергетски сектор без учество на приватниот сектор. Сега во парламентот е доставена Стратегија за национален развој на Северна Македонија за наредните 20 години. Во сите поглавја пишува дека клучно за економски развој на државата се инвестициите и од приватниот и од државниот сектор“, потстетува Виктор Андонов, директор за развој и инвестиции во ЕСМ.
Сето ова е во согласност со стратегијата на Северна Македонија да создаде посилен и диверзифициран енергетски сектор, односно да се елиминира зависноста од еден добавувач и со тоа да ја елиминира ранливоста на надворешните шокови. Енергетската независност со стабилни и одржливи капацитети овозможува и долгорочни планирање и во себе го содржи и социјалниот момент за ниски цени на енергијата за граѓаните
Секако, останува и понатаму како приоритет инвестирањето во обновливи и еколошки извори на енергија и интеграција во регионалниот и европскиот енергетски пазар како стратешки определби за земјата.