Путин го уверувал Трамп: Русија нема апсолутно никакви агресивни планови кон Европа

Путин

Владимир Путин и Доналд Трамп имале телефонскиот разговор траеше точно еден час и беше „конструктивен и крајно искрен“, соопшти Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин му го претстави на својот американски колега Доналд Трамп своето мислење за активностите што САД би можеле да ги преземат за побрзо ставање крај на војната во Украина. Ова го соопшти помошникот на шефот на руската држава Јуриј Ушаков.

Телефонскиот разговор траел точно еден час и бил „конструктивен и крајно искрен“, изјавил Ушаков. Путин му нагласи на Трамп дека Русија „нема апсолутно никакви агресивни планови кон Европа“.

Рускиот претседател ја претставил и својата анализа за ситуацијата на бојното поле и изгледите за постигнување на целите поставени од Москва.

„Исто така, беше посочено што всушност може да направат Американците за побрз прекин на непријателствата“, рече Ушаков, без да открие детали за дискутираните предлози.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?