Филипче: Мицкоски кажа „нула“, документите за прославата покажаа 5,5 милиони евра

Филипче за Мицкоски вечерва изнесе остри обвинувања дека ја довел јавноста во заблуда за трошоците за прославата, откако СДСМ објави документи според кои Државната лотарија одобрила 5,5 милиони евра. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 рече дека премиерот првично тврдел оти граѓаните не платиле ниту денар, а веќе следниот ден документите покажале поинаква слика.

„Мицкоски кажа дека граѓаните за прославата не потрошиле ниту денар. Веќе следниот ден, кога ги извадивме документите, стана јасно дека била донесена одлука да се потрошат 5,5 милиони евра народни пари, на нетранспарентен начин и со прекршување на Законот за јавни набавки“, изјави Филипче.

Тој тврди дека власта сè уште не ги објавила договорите, анексите и имињата на сите компании со кои Државната лотарија склучила договори. Според него, не станува збор само за една фирма, туку за повеќе компании чии договори допрва треба да бидат обелоденети.

„За само еден ден, од изјавата дека не се потрошил ниту денар, стигнавме до нетранспарентно потрошени 5,5 милиони евра. Премиерот ги лаже граѓаните во очи“, рече претседателот на СДСМ.

Филипче го отфрли објаснувањето дека парите не биле исплатени директно од државниот буџет, оценувајќи дека средствата на Државната лотарија се државни и народни пари.

„Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?“, праша Филипче.

Според него, парите наменети за прославата можеле да бидат употребени за решавање реални проблеми на граѓаните. Тој случајот го претстави како пример за начинот на кој власта управува со јавните средства и обвини дека народните пари завршуваат кај мал број компании блиски до владејачката партија.

„Ова веќе го надминува концептот на политичка борба. Ова е пљачка на државата. Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да владее со лаги“, порача Филипче.

Тој ги поврза обвинувањата околу прославата со претходните ставови на Мицкоски за Преспанскиот договор, уставното име, преговарачката рамка со Европската Унија и заштитата на македонскиот идентитет.

„Лажеше дека ќе го врати името и дека ќе го поништи Преспанскиот договор. Лажеше дека ќе обезбеди подобра преговарачка рамка и подобра позиција со Европа. Лажеше дека протоколите не се дел од преговорите, па потоа призна дека се дел од преговарачката рамка“, рече Филипче во интервјуто.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Да, како изборен предмет или како програма за сите ученици 655 (72%)
72 %
Не, тоа е исклучива одговорност на семејството 171 (19%)
19 %
⁠Немам став 90 (10%)
10 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Да, како изборен предмет или како програма за сите ученици 655 (72%)
72 %
Не, тоа е исклучива одговорност на семејството 171 (19%)
19 %
⁠Немам став 90 (10%)
10 %