Занаетчиите на мака, придонесите им скокнаа двојно

Новите правила за пресметка на придонесите им создаваат сериозни проблеми на дел од занаетчиите-паушалисти. По измените што стапија во сила во јули, месечните придонеси за полно работно време сега се движат околу 9.647 до 10.150 денари, зависно од категоријата.

Занаетчиите реагираат дека претходно плаќале околу 4.200 денари, што за дел од нив значи повеќе од двојно зголемување на месечниот трошок.

Дополнителен проблем е што при воведувањето на новиот систем имало доцнење со јулските пресметки и практични нејаснотии околу плаќањето. Од УЈП потврдуваат дека јулските МПИН-пресметки биле изготвени со неколкудневно задоцнување поради прилагодување на софтверот.

Од друга страна, УЈП објаснува дека новиот систем треба да им ја олесни администрацијата на паушалистите. За јули и август се подготвени околу 7.000 МПИН-пресметки за 3.500 самовработени лица, а од 2027 година планот е однапред да се подготвуваат 12 месечни налози за данок и придонеси.

Но, за занаетчиите проблемот не е само административен. Според нивните реакции, повисоките придонеси стануваат дополнителен товар за малите бизниси, во услови кога секој месец имаат трошоци за материјали, кирии, струја и други давачки.

Новиот систем требаше да ја поедностави процедурата, но за дел од занаетчиите главното прашање останува – како да ги издржат повисоките месечни обврски.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?