Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Андреј Петров за вмешаноста на МРТ и МТВ во аферата за “Анкети”: Не е прифатливо Национален сервис да е партиска експозитура на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ и универзитетскиот професор д-р Андреј Петров во утринското ТВ интервју за Цивил и за Слободен печат оцени дека ВМРО-ДПМНЕ игра популистички, практично, еве и сега предизборно го прави тоа.

Оваа посебно и со најновата афера со фабрикувани анкети што покажува дека тие оваа партија лиферува лажни вести за изборното расположение на граѓаните. Ваквото пакување на ВМРО-ДПМНЕ е поткрепено со документи во кои јасно се гледа штабското партиско креирање на јавното мислење. Тоа е таа вмровска матрица. МРТ пак, ако ова се покаже за точно, додава Петров, просто кажано е скандалозно и раководството на куќата треба уште во овој моментот да си поднесе оставка.

И тоа како генералниот директор, така и другите органи кои таму ја креираат кадровска и програмската политика зашто МРТ не е на партиите туку на сите граѓани, рече Андреј Петров и додаде дека од даноците на граѓаните се плаќаат тие луѓе таму и тие не смеат да ја злоупотребат својата работна работна позиција за партиски цели и по партиски задачи со уредувачка политика и да креираат јавно мислење со емитување лажни вести и лажни анкети.

Таа циркузијада на два дена да се излегува со анкета на националниот сервис е бедна. Ставање на МРТ, на националниот јавен сервис во партиски скут е срамно зашто таа куќа од национален интерес постои со години и е еден од столбовите на македонската држава, оцени да Андреј Петров во денешно интервју за Цивил и за Слободен печат.

Треба да знаете
Moже да ве интересира