Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дерала: ЦИВИЛ почна со десеттина луѓе, денес брои 950 членови низ целата држава

Во интервју за Слободен печат, претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала меѓу другото зборуваше и за почетоците на неговата организација, како и приоритетите на нејзиното дејствување во изминатите 25 години.

„Почнавме десеттина луѓе во еден мал стан, формиравме здружение со идеја да се залага за човековите права и слободи на начин што не се случува во другите делови од граѓанскиот сектор. Секогаш се обидуваме да најдеме место и начин да вклучиме повеќе луѓе. Денес, ЦИВИЛ има 950 членови низ цела Македонија, има 30-тина пријатели и пријателки низ целиот свет, меѓу нив новинари, професори, уметници… ЦИВИЛ е организација која се ободува и успева секој ден да мисли надвор од кутијата“, посочи Дерала.

Најактуелно е што ние со години сме дел од пионерската структура или коалиција на невладини организации за борба против дезинформациите, пропагандата, говорот на омраза, тероиите на заговор и хибридните закани против демократијата, рече Дерала.

Осврнувајќи се на заканите што ги добива, Дерала истакна дека тие него не можат да го заплашат, додавајќи дека крајната цел е да се заплашат другите.

„Нападот над мене не е само напад над мене, затоа што јас лично немам никаква релација ниту бизнис преку ентитетите што ме напаѓаат, впрочем нападот ад хоминем е секогаш наменет да ги заплашуи другите“, вели Дерала.

Како човек кој доаѓа од ЦИВИЛ мислам дека ќе имаме демократски избори, сметам дека Македонија ќе има добри, демократски избори, порача претседателот на ЦИВИЛ.

„Јас лично сметам дека има реални основи да се претпостави дека нашата земја ќе продолжи по европскиот пат после изборите. Меѓутоа, се разбира дека може да превагне и другата страна која има моќни алатки и се уште се гледаат последиците од силниот проток на црни пари низ општеството, медиумите и изборните процеси и сметам дека тоа ќе биде случај и во овој период. Руското малигно влијание е засилено, пропагандата е засилена и мислам дека македонското општество ќе има голем предизвик да се справи со антизападната и антиевропската ориентација на нашата држава која промовираат другите ентитети а кои играат во ист такт како Кремљ. Меѓутоа, ако тоа се случи, ние во многу брзо време потоа, не повеќе од две години, можеме да видиме тектонски пореметувања и на државата и на општеството и ако се случи тоа можеме да заборавиме на Македонија таква каква што ја знаеме денеска“, посочи Дерала, додавајќи дека истражувањата на јавното мислење многу често наместо да бидат барометар за тоа што мисли граѓанинот тие всушност се алатка на пропагандните кујни на партиите.

Дерала смета дека ниту еден политички субјект, противник на европскиот пат, не успеал да ја убеди македонската јавност дека преговарачката рамка со ЕУ е штетна.

“Тие не успеаја да дадат аргументи уште по 24 часа по почетокот на насилните протести во јули 2022 година и уште тогап пукна нивниот дезинформациски балон. Многу е јасно што стои зад тоа, зад тоа стои чист апетит за власт и ништо друго. Ние мораме да знаеме дека за аптетите на малкумина не смее да страда иднината на целото наше општество. Мој личен став е дека македонското општество има сили да продолжи по европскиот пат“, посочи Дерала.

Треба да знаете
Moже да ве интересира