Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: Уставните измени се неизбежни, тие се чекор напред кон ЕУ

„Не се согласувам дека СДСМ нема шанси за уставните измени, тоа е еден процес на кој што работиме некое време и сè уште работиме. Затоа што уставните измени не претставуваат се она што сакаше да го наметне опозицијата како една слика дека тие уставни измени претставуваат бугаризација или кочење на процесите, напротив уставните измени претставуваат чекор напред и чекор поблиску до исполнување на сите цели за да станеме полноправна членка на ЕУ,“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и потпретседателка на СДСМ во интервју за Алсат М Телевизија.

Таа посочи и дека самиот процес на уставни измени значи дека партијата комуницира со сите и што е она што че произлезе од уставните измени,односно дека ќе се подобрат многу состојби во општеството.

 „Слушнавме и од бугарскиот премиер дека Република Бугарија нема никакви барања кон Република Северна Македонија, што значи дека и таа теза на опозицијата пропадна, дека после ова ќе следи уште нешто, па уште нешто.Меѓутоа уставните измени се активен процес  од кој што никој не е откажан,туку постојано работиме на тоа тоие да се случат, бидејќи се следниот логичен чекор“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа посочи и на аргументите од меѓународниот фактор, дека уставните измени се неизбежни, дека тие мора да се случат. Тој процес не е затворен и нема откажување од процес кој ќе донесе добро за државата.

„СДСМ секогаш бил отворен за коалицирање со други партии, не само со албанските партии,туку со сите партии со кои што партиските програми ни се слични. Тоа значи дека ние отсекогаш сме биле отворени за коалицирање, затоа што го имаме во предвид доброто за сите. Го промовираме концептот едно општество за сите што значи дека тоа не е само нешто запишано на хартија туку тоа е еден концепт зад кој што ние навистина стоиме и се придржуваме“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Таа порача дека секој оној кој сака да биде заедно со нив, и во предизборниот период и за време на изборите, кој што  ги дели истите програмски цели кој што ги има партијата, а тоа е да се остане на патот на Европската Унија, да се продолжи со  реформите, за повисок стандард на граѓаните, за мерки кои што го олеснуваат животот на граѓаните, секој е добредојден да учествува. Таа посочи дека СДСМ покажа и докажа дека има слух за многу активни политички чинители.

„Една од нашите програмски определби утврдени и на партиски конгрес, тоа е 1991/92 година, како две најважни цели е да станеме НАТО-членка и полноправна членка на ЕУ. НАТО-членка сме, го гледаме бенефитот и значењето, се надевам дека сите коалициски партнери се на истиот пат со нас, со истите ставови за иднината и секогаш ќе имаат простор да соработуваат со нас“, порача Костадиновска –Стојчевска.

Треба да знаете
Moже да ве интересира