Се поднесува интерпелација за Трајко Славески

СДСМ во наредните денови ќе поднесе интерпелација за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави претседателот на партијата, Венко Филипче. Тој повторно побара оставка од гувернерот, обвинувајќи го за погрешни одлуки во случајот со Алта банка и за последиците што ги трпат граѓаните при пристапот до своите средства.

„Ја подготвуваме и овие денови ќе биде поднесена. Вчера поднесовме интерпелација за поранешниот вицепремиер, сега министер Иван Стоилковиќ“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Според лидерот на СДСМ, одговорноста на Славески почнува од проверките што требало да претходат на влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар. Филипче тврдеше дека гувернерот имал обврска да ја провери сопственичката структура, репутацијата на сопственикот и потеклото на капиталот.

Тој ја критикуваше и изјавата на Славески дека не го познавал сопственикот, оценувајќи дека таквото објаснување не ја отстранува институционалната одговорност за донесените одлуки.

„Најдобронамерно денеска го повикуваме гувернерот Трајко Славески да си поднесе оставка. Да не заглавува повеќе од тоа што е веќе заглавен“, изјави Филипче.

Претседателот на СДСМ го обвини гувернерот дека ги менува и дообјаснува своите изјави и дека се обидува да се заштити себеси и премиерот Христијан Мицкоски.

Филипче посочи дека редиците пред банкоматите и тешкотиите на граѓаните да располагаат со сопствените пари бараат одговорност од надлежните. Според него, Мицкоски и Славески треба да одговорат за одлуките што довеле до таквата состојба.

Тој најави дека очекува документи од Србија, за кои смета дека ќе помогнат во расчистувањето на случајот, и изнесе оценка дека случувањата со Алта банка го загрозуваат домашниот финансиски систем.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Случајот бара оставка, а не само објаснување 561 (55%)
55 %
Требаше навреме да ја преиспита дозволата на банката, а не да реагира по скандалот во Србија 271 (26%)
26 %
Со преземените мерки ги заштити граѓаните 126 (12%)
12 %
Виновни се сопствениците и раководството на банката 69 (7%)
7 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Случајот бара оставка, а не само објаснување 561 (55%)
55 %
Требаше навреме да ја преиспита дозволата на банката, а не да реагира по скандалот во Србија 271 (26%)
26 %
Со преземените мерки ги заштити граѓаните 126 (12%)
12 %
Виновни се сопствениците и раководството на банката 69 (7%)
7 %