Ковачевски: Алтернатива на ЕУ нема, затоа и никој од опозицијата не ја соопштува, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков план

„Изборот пред граѓаните е европска иднина, поголеми плати и пензии со СДСМ или изолација, уназадување и економска стагнација со ВМРО-ДПМНЕ. Која е алтернативата на членството во ЕУ? Ја нема. Затоа и никој од опозицијата не ја соопштува. ВМРО-ДПМНЕ нема план, со ВМРО-ДПМНЕ нема иднина“ изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Локално“.

Тој рече дека е убеден оти граѓаните ќе ја изберат најдобрата опција и земјата ќе продолжи по вистинскиот, по европскиот пат.

„Никој нема дилеми, па Мицкоски јавно на телевизија рече дека со ВМРО-ДПМНЕ нема членство во ЕУ ниту за 100 години. Во извештај на Европската комисија ВМРО-ДПМНЕ е посочена како кочничар на реформите во македонското Собрание и напредокот. Тие тоа не го кријат. Две години спроведуваа активна блокада, освен законите и европскиот пат на земјата го блокираат. Јасно како ден“, вели Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека сето тоа завршува по изборите на 8 мај, бидејќи членството во ЕУ е втората стратешка цел на државата, по членството во НАТО, што ќе ја реализира новата проевропска Влада предводена од СДСМ.

„Верувам дека граѓаните нема да дадат поддршка на ниту еден неодговорен политичар, нема да поддржат радикална популистичка десничараско – проруска коалиција“, истакнува Ковачевски во интервјуто.

Нашата евроатлантска ориентација донесе највисоко ниво странски директни инвестиции од 754 милиони евра

„Евроатлантската ориентација на нашата држава донесе највисоко ниво на странски директни инвестиции од 754 милиони евра, затоа што инвеститорите сакаат стабилен и безбеден амбиент за вложувања. Имаме, речиси двојно повеќе странски директни инвестиции од 2016 година, кога изнесуваа 338 милиони евра“, нагласува претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервјуто за „Локално“.

Тој додаде дека до 2017 година државата не ги поддржуваше домашните компании, а во овие шест години со 100 милиони евра беа поддржани 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси и беа реализирани 500 милиони евра инвестиции.

„Финансиската поддршка од државата значи многу за компаниите, затоа што го зголемува бројот на работни места и ја подобрува материјалната состојба на компаниите. И со тоа овозможивме и достоинствени плати на вработените, рекордна просечна плата од околу 630 евра – значи над ветените 500 евра на граѓаните, рекордна минимална плата од над 22.500 денари колку што ќе е со следното усогласување, историско ниво на пензии – просечната пензија е околу 20.000 денари, минималната е 13.000 денари“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ рече дека овие резултати се постигнати во време на Влада која ја предводи СДСМ преку правилни политики и јасна европска ориентација.

„Поддршката од ЕУ ќе продолжи, со многу повеќе средства, преку нови програми и фондови, кога ќе станеме членка на Европската Унија. Тоа го покажуваат примерите со развојот на Романија, Чешка, Словачка, Полска. Во однос на странските директни инвестиции, тие во просек се зголемиле за 28% – и тоа во првите 5 години од членството во Унијата“ рече Ковачевски.

Ковачевски: За нашите граѓани животот во ЕУ не значи карта во еден правец, туку подобар стандард, повисоки плати и европски вредности дома

„За нашите граѓани, животот во ЕУ не значи карта во еден правец или иселеничка виза, туку гаранција за подобар стандард, за повисоки платени работни места и европски вредности, но тука дома во нашата држава. Тоа и го мислам и верувам дека е така“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервјуто за „Локално“:

Тој додаде дека ЕУ и нашето членство во неа се единствениот начин да се обезбеди просперитетна иднина и услови децата да можат дома да ја градат својата иднина.

„Затоа на Северна Македонија и треба проевропска Влада и евроатланска ориентација, и јасен план за движењето на државата кон интеграцијата во ЕУ. Сите оние кои го кочат европскиот пат, им ја одземаат можноста на македонските граѓани да живеат достоинствено“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ во интервјутот за „Локално“ вели дека ова е време за европски политики кои се на иста линија со прогресивната јавност во државата.

Ковачевски: Законот за рестриктивни мерки е уште една потврда за решителноста на Владата предводена од СДСМ за борба против корупција

„Законот за рестриктивни мерки е уште една потврда на решителноста и посветеноста на Владата предводена од СДСМ за борба против корупцијата која дава резултати“ изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Локално“.

Тој додаде дека овој закон претходната Влада веќе го донесе, усогласен со надлежните институции, и го испрати во Собранието.

„Техничката Влада и премиерот во моментов преземаат некакви активности од административна природа, како што ја информираат јавноста, но јасно изјавија дека Законот ќе биде доставен повторно во Собранието што и очекувам да се случи“, истакнува Ковачевски за „Локално“.

Претседателот на СДСМ додаде дека за борбата на Владата која тој ја предводеше против корупцијата говори и Индексот на перцепција на корупција за 2023 година на Транспаренси Интернешнл, според кој Северна Македонија има подобрување и се наоѓа на 76-то место со 42 индексни поени, споредено со 2022 година кога бевме на 85-то место.

„Земјата забележува напредок во борбата против корупцијата и тоа дава поттик за оваа тема и понатаму да остане еден од врвните приоритети на СДСМ и Владата која ја предводев и ќе ја предводам на европскиот пат. Воедно, мислам дека е важно да нагласам дека САД се наш стратешки партнер и тие го поздравуваат секој напор и секој закон со којшто се бара отчетност и одговорност. Во тој контекст, ваков тип на закони неспорно придонесуваат кон безбедна и сигурна иднина за граѓаните“, посочува Ковачевски во интервјуто за „Локално“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира