Ковачевски: Енергетската криза покажа колку ни се потребни големи стратешки проекти

„Не е точно дека не се консултирани. Во државата има голем број експерти, во областа на енергетиката, машинското инженерство, електроинженерство итн. Јас како претседател на Владата имав советници кои беа врвни во своите области и од економија и од финансии и од електротехничките науки. И сите решенија кои што се носеа во делот на обезбедување на електрична енергија во најголема криза. Во делот за обезбедување на греење за Скопје. Во делот на овозможување на пристапни цени итн и јас врз основа на консултации со такви експерти. А што се однесува до консултирање со опозицијата, постојат законски решенија кои се во Собранието. Опозицијата е застапена во Собранието, таа може да го даде своето мислење“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител ТВ, во врска со консултациите за Чебрен, и законите за стратешките извори во енергетиката со експерти и опозицијата.

Јас кога сум бил заменик министер за финансии, дополни Ковачевски, заедно со министерот Бесими во еден или во два наврати самите имаме инсистирано да се повикуваат експерти во одредени законски решенија. Дали тоа ќе биде сега направено не знам меѓутоа дека на нас ни требаат стратешки големи проекти тоа го покажа енергетската криза. Ние работиме со 45 години стари капацитети со јаглен за производство на еле енергија. Дали големи светски инвеститорски имиња се пријавија, да, бидејќи се работи за навистина големи корпорации, посочи Ковачевски.

Тој посочи дека ставот на ЕУ е јасен, Северна Македонија треба да го заврши процесот со промена на документите преземен како меѓународна обврска.

„Јас веќе сум кажал комплетно ги разбирам граѓаните и го разбирам незадоволството на дел од граѓаните бидејќи се работи за дел од граѓаните, 1,3 милиони пасоши ние веќе имаме со новото уставно име на државата. Но исто така треба да се изрази благодарност и до тие кои напорно работеа за тоа да се направи и напорно работат тоа да се направи. И дали може процесот да биде организиран подобро, да може секој процес може да биде подобро организиран. Дали треба да се лоцира одговорност, да одговорноста е во сите институции кои што учествуваат во извршување на одредена операција, прво во одреден процес меѓутоа секога треба да се извлече наравоучение на кој начин може да се подобри тој процес. Еве гледате дека сега во МВР и министерот и дополнителниот заменски министер и заменикот министер сега сите таму се политички партии вклучени. Го забрзуваат процесот на зголемување на процесот на базни станици за сликање, веќе имаме доволна количина на обрасци,“ рече Ковачевски.

Тој истакна дека со правилна организација процесот може некаде септември, октомври да биде завршен со комплетна замена на пасошите. Со оглед на тоа дека ако сите ресурси се фокусираат на завршување на оваа значајна операција која што е многу субсесивна бара многу голем контакт со луѓе се работи за замена на документи за цела држава.

На прашањето околу  кршење на  основното човеково право на слободно движење на граѓаните Ковачевски истакна дека поднесени се измени на закон во Собранието кои што се однесуваа на возачките и сообраќајните дозволи да може да се користат со старото име на државата и по истекот на рокот 12.02.2024 година.

„Заменувањето на личните документи произлегува од меѓународен договор кој што е ратификуван во Собранието, тоа е договорот со Грција. Комунициравме нормално со ЕУ, сега комуницираат тие кои што се задолжени, јас веќе немам овластување да комуницирам со официјалните претставници на држави членки на ЕУ или на институции на ЕУ со оглед на тоа дека сега имаме техничка Влада која е на функција. Некои од државите ги признаваат старите пасоши, некои не ги признаваат. Меѓутоа многу е јасен и ставот на ЕУ, а тоа е дека Северна Македонија  треба да го заврши овој процес кој што е преземен од меѓународна обврска. И вие знаете дека ако се носат други закони кои што го делегираат законот за ратификација на меѓународни договори тогаш влегуваме во друг проблем. И затоа сметам дека ова прашање не треба да се користи за обвинувања, во ниту еден случај не треба да се користи за казнување на граѓаните. Во ниту еден случај не треба да се користи за обвинување на граѓаните туку треба сите напорно да работат во овој случај“, рече Ковачевски.

Тој потенцираше и дека пратеничката група на СДСМ поднесе решение со кое се намалуваат платите на именуваните функционери.

„Гледајте тоа што го зборував се испостави како точно дека не се работи за еден закон туку се работи за повеќе закони кои што треба да се менуваат во кои што дел од законите стојат одредби дека тие плати не можат да се намалат. На пример, ако го земете законот за плати на судии стои дека плата на судии не можат да се намали. Погледнете го законот ќе видите. Второ, Владата не може да намали плата на Собрание, бидејќи Собранието, парламентарците, ја бираат Владата и затоа пратеничката група на СДСМ поднесе решение со кое се намалуваат и тоа е уставно издржано решение со кое се намалуваат коефициентите на избраните и именувани функционери, тука се 21 министер плус сите градоначалници, обвинители, судии итн. Претседател на државата, членови на Парламентот и други избрани и именувани функционери. Некаде околу 1100 се на број кои со ова решение нема да добијат зголемување согласно зголемувањето на просечната плата“, рече Ковачевски.

Ковачевски посочи дека  следната година треба да се направи решение кое што ќе биде усогласено со колективниот договор. Бидејќи во општиот колективен договор како основица ќе се зема просечната палта во 2025та година со соодветни коефициенти.

Треба да знаете
Moже да ве интересира