Мајк Зафировски еден од најуспешните менаџери од Македонија: Кога бев млад сакав да бидам политичар или фудбалер

Во последната епизода на „Што го врти светот“ соговорник на Јована е Мајк С. Зафировски. Македонец кој со своето семејство се сели во Соединетите Американски Држави.

Зафировски е на водечки позиции во компании како Генерал Електрик, Моторола, Нортел, Боинг и други. Во дел од својата кариера станува и советник на Претседателот на САД.

Како Ко-основач на Македонија 2025 тој наоѓа начини да врати во македонската економија. Кога бил млад, сакал да биде политичар или фудбалер. Кога зборува за успехот како основа го гледа своето детство во Скопје:

-Роден сум во Скопје во 1953та, во Скопје и имав прекрасно детство. Немавме многу материјални добра, како и повеќето луѓе. Но, ако имате родители кои ве сакаат, училишта кои бараат многу знаење, праведен систем и оптимизам за иднината кога сте млади, тогаш веќе сте мотивирани. Кога бев дете сакав да станам политичар или спортист.

Во поткастот Мајк зборува и за тоа дека идејата за тоа што значи да се биде политичар се смениле во многу држави. Од друга страна со спортот се обидел, дури и професионално тренирал во САД, но увидел дека не може да биде најдобар. Сепак вели дека македонската издржливост како особина што ја носиме во себе по се што сме поминале, за него е инспирација. Сето тоа поставува и високи очекувања на секој од нас. Тој почна и своја компанија пред 6 години, а вели дека инспирацијата за тоа дошла од Конференција на која присуствувал, каде му било поставено прашањето „Што ја прави една
компанија успешна?“ со дополнително прашање на тоа „Што го прави
менаџерот успешен?“.

Одговорите на овие прашања, како неколку теми и технологии кои го вртат светот во 2023 и 2024та година можете да слушнете во последната епизода на „Што го врти светот?“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира