Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Попова од од иницијативата „Силата ЕУ младите“: Со проектот сакаме да откриеме што можеме ние како млади да направиме за да ни е подобро

Денеска започнува иницијативата „Силата ЕУ младите“ која ја спроведува издавачката куќа ПМГ. Лицето за односи со јавност на иницијативата, Лаика Попова, во утринската програма на Слободен печат рече дека целта на оваа иницијатива е да се даде простор на младите да творат и да се мотивираат да останат во земјава.

Освен музичка програма, Попова најави дека иницијативата ќе снима и дискусии и поткасти со цел да се открие што сметаат младите и како може да го подобрат општеството.

„Поткастите ќе се дискусии каде ќе зборуваат младите, за нивните идеи, ставови, мислења. Ќе ги прашуваме што ги инспирира, што им се допаѓа или не им се допаѓа во земјата, што би можело да се подобри и што ние како млади можеме да направиме за да ни биде подобро овде“ рече Попова.

Таа објасни дека името на иницијативата „Силата ЕУ младите“ е инспирирано од графит во Скопје и песна на Слаткар, која ја носи истата порака.

„Има еден куп млади, што се креативни, паметни, интересни, амбициозни. Преку оваа платформа ќе им се даде простор и ресурси за да се изразат. Се трудиме да создадеме континуирана комуникација и соработка“, рече Попова.

Таа кажа дека како дел од проектот ќе има низа на настапи на млади артисти и изведувачи во Лабораториум, а програмата започнува вечерва со настап на средношколскиот рок бенд Црно Собрание.

„Вечерва е концертот на средношколскиот рок-ен-рол бенд „Црно Собрание“ од гимназијата Никола Карев, како најмлади на платформата. Потоа, утре имаме денски рејв на задната сцена на Лабораториум ќе настапат четири диџеи на ОВЦ Колектив, млад колектив што се труди да внесе свежина на електронската сцена“ кажа Попова.

Таа додаде дека освен настапите, како дел од иницијативата ќе се издаде и поп-плоча на актуелни млади поп артисти од земјава.

„Секогаш има возбуда кога има можност да се издаде музика на винил. Тоа е најадекватниот носач на звук. Овој винил ќе се нарекува ‘Поп култура’. Ќе биде комбилација на дела од најинтересните наши поп артисти и се надеваме дека ќе остане како артефакт за една исклучително талентирана млада генерација на поп музичари кај нас“, рече Попова.

Треба да знаете
Moже да ве интересира