Стевановиќ: Вакцинацијата е важна и за индивидуалното и за колективното здравје

Ние имаме и колеги кои имаат двојба за тоа колку вакцините се безбедни, а тоа не треба да биде така, рече во интервју за Слободен печат, поранешната директорка на инфективната клиника и кандидатка за пратеник Милена Стевановиќ.

Таа посочи и личен пример за тоа какви последици следуваат ако некој не се вакцинира, или ревакцинира

„По почетокот на вакцинацијата во 70тите години, јас како дете по некоја случајност сум немала примено вакцина за морбили и во четврта година од моето средно образование одејќи низ пракса на инфективната клиника, јас и добар дел од мојот клас се разболуваме од морбили и јас бев една од оние кои едвај преживеав од морбили и ви велам, дека ниту еден родител не сака да ја преживее клиничката форма на морбили за своето дете која јас ја преживеав. Важно е да се вакцинираме не само за индивидуалното здравје, туку и за колективното здравје. Нас се уште ни е сериозна закана и пертусисот. Ситуацијата се стабилизира, бројката на заболени се намалува но тој може да биде сериозен за највозрасните и за новородените. Зошто дозволуваме овие граѓани да дојдат во ризик од болести кои веќе не треба да ги имаме“, истакна Стевановиќ.

Таа посочи дека додека не дојде Венко Филипче како министер, никој не размислуваше на приватните специјализанти.

„Тој прв ги препозна нивните потреби и проблеми на овие млади луѓе кои одлучиле да платат за да специјализираат. Тој прв ги препозна нивните потреби да бидат платени и им даде докторска плата. Сегашните нивни барања се поминати и по изборите ќе се изготват законски решенија за прифаќање на нивните барања“, порача Стевановиќ.

Осврнувајќи се на потребата за нов Клинички центар, таа истакна дека приоритет треба да бидат регионалните болници со што ќе се намали притисокот врз Скопје.

„Клинички центар е потребен, но попотребно во моментов е да бидат завршени и комплетно приспособени регионалните клинички центар со што ќе се намали притисокот на клиниките во Скопје, а во тој случај и димензиите на новиот клинички центар би биле помали“, посочи Стевановиќ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира