Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трајчевски: Не треба да се менува ликот на ГТЦ

„Во далечната 1994 година е направена галеријата на Киро Урдин. Годините си го направија своето. Почна да се распаѓа тој објект и како управа решивме малку да го реновираме. Пропуст на управата е што требаше да го затвориме просторот до завршување на реновирањето, па да го отвориме целосно. Сега е половично направен. Во моментот работат архитекти на усогласување на објектот на местото на старата галерија на Урдин со архитектурата на ГТЦ“, рече во интервју за Слободен печат Ѓоко Трајчевски, директор на ГТЦ.

Тој додаде дека овој објект нема да има модерен стил туку дека ќе биде во склоп на постоечката архитектура на ГТЦ.

„Не треба да се менува ликот на ГТЦ. Ликот треба да си остане ист каков што е во моментот. Само треба да се реновира, бидејќи се работи за отворен објект, атмосферските влијанија си го прават своето. Скршените плочки, издигнат мермер се резултат на атмосферските влијанија“, заклучи Трајчевски.

Сите средства што влегуваат на сметката на ГТЦ се од сопствени средства, од гаражата, од закупот, од тековното одржување на објектот, разни настани, векли Трајчевски.

„Од Буџетот немаме средства. Имаме еден проект којшто треба да го споменеме. Се однесува на петта фасада горе, да поставиме фотоволтаици на кровот. Едниот проект е за реконструкција на кровот. Од далечната 1973 година нотирано било дека кровот бил проблематичен, бидејќи на ова поднебје не поминуваат рамни кровови поради атмосферските влијанија во нашата земја. Со проектот за фотоволтаици ќе се намалат трошоците“, рече Трајчевски.

Тој додаде дека целиот проект, односно фотонапонската централа, е проектиран на еден мегават. Тоа е големо производство на струја.

„Летно време кога се палат чилерите, и двата чилера трошат околу еден мегават. Со самото поставување на фотоволтаиците заштедуваме многу енергија. Прво ќе се реконструира кровот, бидејќи е најголем проблем за ГТЦ“, потенцираше Трајчевски.

Тој додаде дека аплицирале до Владата за средства и дека добиле позитивни сигнали.

Треба да знаете
Moже да ве интересира