ВИДЕО Тунева: Моја оценка е дека медиумите генерално се држат до професионалните стандарди

Моја оценка е дека медиумите, зборувам за повлијателните редакции, генерално се држат до професионалните стандарди. Секако, одвреме, навреме, кај секој од нив може да се забележат и некои отстапувања како од некои професионални репери, така и од некои етички постулати. Ова посебно во време на избори кога медиумите се често под силни влијанија на одредени центри на моќ, пред сè, од страна на политичките партии.

Но, една од клучните професионални обврски на редакциите е да не подлегнат, да издржат било какви притисоци за политизирање и партизирање на нивните медиумски содржини. Да одолеат на нечии очекувања и да се држат до професионалните принципи зашто тоа од нив го очекува медиумската публика.

Затоа, не би генерализирала дека во период на избори медиумите дозволуваат да им се влијае со разни притисоци. Кај нас има доста медиуми кои најпрофесионално си ги извршуваат и своите професионални и своите одговорни општествени обврски, рече Марина Тунева, експертка за комуникации, во утринското гостување на Слободен печат.

– Секако, праксата од минатото, годините наназад, тоа ни го о потврдуваат. Имало и загрижувачки трендови, а објективен проблем е што ние имавме многу вонредни изборни циклуси па и политичките субјекти како да беа во постојани кампањи што доведува со до состојби во кои и не може секогаш да се препознае што е предизборен, а што е регуларен временски период. Но, важно е што оценката за медиумите, посебно за традиционалните и сè уште повлијателните, генерално е на задоволително ниво, рече таа.

Тунева вели дека држи фактот дека медиумите се под притисок или ќе бидат до одреден степен под влијанија што посебно е карактеристично за време на избори и тука е многу значајна улогата на новинарските здруженија и на регулаторните тела.

– Од нив се очекува активно да ги охрабруваат редакциите во нивната професионална работа, во професионален во нивната секојдневна работа. Тоа, впрочем, граѓаните од нив и го очекуваат. Да бидат навремено и правилно информирани за сите и за секаков вид случувања, вели Тунева.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

Треба да знаете
Moже да ве интересира