Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски е тотален политички дилетант и докажан заложник на Апасиев

Со изјавата дека е подготвен да коалицира со Левица за формирање на Влада после изборите, Мицкоски докажа дека не само сега, туку и после изборите тој нема намера да ги прифати уставните измени кои се предуслов за продолжување на преговорите со ЕУ на патот до членство и со тоа потврдува дека тој и ВМРО-ДПМНЕ, исто како и Левица, се вистинска опасност за продолжување на европскиот пат на нашата држава.

Зоран Бојаровски

Во интервју за ТВ Канал 5, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не ја отфрли можноста за коалиција со партијата Левица со цел формирање влада по изборите. Запрашан дали би коалицирале со Левица и покрај нивните анти-ЕУ и анти-НАТО ставови, а декларативната про-ЕУ и про-НАТО насоченост на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека во политиката никогаш не треба да се вели никогаш.

Со оваа своја изјава Мицкоски се прикажа како тотален политички дилетант и се докажа дека е заложник на Апасиев.

Дилетант, затоа што според дефиницијата за оваа особина, тој со изјавата дека не ја исклучува коалицијата со Левица се прикажа како личност кој без „стручна подготовка“ се занимава со политика.

Со истата изјава се докажа и дека е заложник на Апасиев затоа што е подготвен да стапи во сојуз со партијата „двоец“ од насилници кои на прво место во својата политичка агенда ја имаат ставено целта да ги прекинат сите врски со ЕУ и НАТО, а со тоа и евро-атлантските вредности кои што се старетешка определба на нашата земја.

Со оваа изјава, Мицкоски докажува дека не само сега, туку и после изборите тој нема намера да ги прифати уставните измени кои се предуслов за продолжување на преговорите со ЕУ на патот до членство. Тоа со Левица во Владата никогаш нема да помине.

Со оваа изјава Мицкоски преминува преку фактот дека сега и тој, а со тоа и ВМРО-ДПМНЕ, исто како и Левица, се вистинска опасност за продолжување на европскиот пат на нашата држава.

Прикажувајќи се како неотпорен на политичкиот аматеризам, како колеблив карактер, без визија и без одлучност тој, всушност е лесен плен за заложништво, за плен во замката на личниите амбиции, во стапицата во која мамката која е подготвен да ја проголта е –  Левица, партијата којашто се противи на сѐ што е олицетворение на ЕУ и НАТО.

Ај што сам себеси се става во заложништво на радикалните левичари/десничари, Христијан Мицкоски во заложништво ја става и самата партија ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, тој го прави она на што аналитичарите во Македонија во последните години предупредуваа, а тоа е идеолошко обезличување на ВМРО-ДПМНЕ, спротивно на сѐ што е македонски интерес и застапување на сѐ што е антимакедонско како што е и најавата дека не го исклучува ни коалицирањето со Левица.

Мицкоски, доколку остане до крај доследен на оваа своја изјава ќе треба дебело да објасни како тоа мисли да направи да „исчезнат вредностите на Левица“ кога вели дека „тие вредности се ставаат на маса и се прави политички договор“?

За каков договор со Левица може да стане збор? Дали тој договор ќе биде за да ја доведат земјата до работ на провалијата и да ја фрлат во сферата на влијанија на антизападните и антидемократски глобални кругови?

Тој со овој негов став, да коалициира со партијата која во своите програмски определби е анти-ЕУ и анти-НАТО, со цел доаѓање на власт, е подготвен да разговара и да се откажува од вредностите за кои, барем декларативно, се залага тој и неговата партија.

Со ова лидерот на најголемата опозициска партија си ја пресече и гранката за коалицирање со партиите на Албанците знаејќи дека во Македонија не е возможно да се формира влада без нив и со тоа дополнително го доситни капацитетот за коалицирање на ВМРО-ДПМНЕ за што предупредивме во текстот „Ситнењето на коалициониот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ ја отвора вратата за најавата на Ковачевски дека тој повторно ќе биде мандатар“.

Moже да ве интересира