Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Муцунски против Мицкоски и Николоски за Коридорот 8

Владата дефинитивно не е координирана. И тоа по важни геостратешки прашања. Додека Мицкоски пред два дена уште еднаш го повтори и го засили ставот за откажување на приоритетот од железничката делница на Коридорот 8 и како „лудост“ го оцени вложувањео во проект кој завршува во „слепа улица“, неговиот партиски другар и министер за надворешниу работи денеска испорача соопштение дека „Република Северна Македонија е силно посветена на остварување на поставените цели во рамките на НАТО и на создавање регионална инфраструктура, како дел од Европската мрежа на коридори, кои имаат за цел да го засилат економското влијание и да ја олеснат трговијата и транспортот во регионот“.

Во соопштението уште се истакнува дека „Република Северна Македонија ги презема сите неопходни активности за изградба на повеќе крупни регионално – инфраструктурни проекти кои се од споделено стратешко значење за земјава, регионот и Европската унија“.

За да бидат умерени кон Софија, од македонското МНР порачува дџека „искрено очекуваме Република Бугарија да ги преземе сите неопходни активности во насока на унапредување на инфраструктурата на Коридор 8, како и да ги исполни обврските кои произлегуваат од Билатералниот договор од 1993 година за изградба на граничниот премин Берово – Клепало“.

Муцунски е прилично јасен и различен во пораките од Мицкоски и Николоски и истакнува дека „изградбата на патната и железничката инфраструтруктура во регионални рамки ќе биде успешно реализирана само ако сите земји долж Коридорот 8 континуирано преземаат заеднички активности за нивен развој и модернизација“.

За разлика од Мицкоски и Николоски Муцунски вели „тоа е наша долготрајна заложба на која посветено работиме и очекуваме еднаков степен на соработка и конструктивност и од останатите инволвирани страни во овој процес“ и со тоа покажува дека за оваа работа треба да се разговара и да се најде решение, а не да категорично да се најави дека Владата на Северна Македонија ќе бара од ЕУ да се пренаменат стредствата од Киродорот 8 за доградба на Коридорот 10.

Очигледно имало некоја индикативна комуникација на релација ЕУ и НАТО со Скопје за да излезе МНР Муцунски со вакво соопштение кое е контра на Мицкоски и Николоски.

Комплексно е прашањето, но не е така едноставно да се избегне обврската од Самитот на НАТО во Вашингтон каде што Северна Македонија се согласи на заложбите на Алијансата за воена мобилност на овој коридор и сега стигна на адресата на МНР укажувањето дека околку ова прашање не може да има импровизации од типот на оние на Мицкоски и Николоски.

Да, објективно има реални технички и финансиски предизвици и политички предизвици кои сепак, и покрај тоа што Бугарија има техничка влада, Скопје и Софија треба заеднички да ги адресираат.

Тој предизвик се решава со мудар пристап и во делот на финансирањето, како што е распределбата на товарот за изградбата на железничката „осмица“ со дополнителна стратешка финансиска поддршка од ЕУ и НАТО за покривање на трошоците од двете страни.

Тоа е мудар пристап, а не еднострана наивна реакција.

Ќе биде многу интересно да се види што ќе им смислат пр-спинерите на Мицкоски и на Николоски за да се извлечат од оваа ситуација. А може да дочекаме Мицкоски и Николоски да му дадат лопата на Муцунски, па тој самиот да го копа тунелот на Деве Баир.

Зачлени се на нашиот е-билтен