Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На кого му се обрати Мицкоски на Мечкин Камен? Што криеше преносот на МТВ?

Со инцидентите кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеа во минатото, од преносот беше очигледно дека ја „закопаа“ желбата дури и на партиското членство да биде дел од сенародниот собир, а камоли на добронамерните и на сите останати на кои им припаѓа овој празник со кој се чествува овој голем ден. Мицкоски не донесе народ на Мечкин Камен.

Зоран БОЈАРОВСКИ

На кого му се обрати Мицкоски на Мечкин Камен? Од преносот на МТВ не видовме. Елементарно правило на ТВ режијата на вакви преноси да видиме на кого му се обраќа говорникот. Кој е аудиториумот. Тоа е стандард на таа комуникација: Говорникот говори, публиката слуша/гледа.

Но, од почетокот на преносот пренесен и на социјалната мрежа Фејсбук, на 1 час и 45 минути од почетокот на говорот на Мицкоски (01:45:30), со исклучок на почетокот кога беше прикажан дел од ВИП ложата со претставниците на институциите и со еден кадар некаде на средината од кој се гледа дека никој не го слуша говорот, ниту еднаш не видовме на кога му се обраќа Мицкоски. Не видовме кадар од народ, бидејќи настанот на Мечки Камен кај Крушево е народен собир за одбележување на 2 Август, денот на Републиката, празник на Илинденското востание и на Крушевската Република.

А можеби режисерот на преносот и немаше што да прикаже. Не. Не се работи за тоа да пребројуваме. Гане Тодоровски поетски рекол „Колку сме, толку сме, токму сме“. Но, сепак станува збор за 2 Август – Ден на Републиката, заедно со 8 Септтември – Денот на независноста, е еден од двата најголеми и најзначајни.

Празници што одбележуваат настани за кои се најзаслужни граѓаните, празници кои ним им припаѓаат, празници на народот за народот. На сите заедници на државата.

Наместо тоа, што видовме на Мечкин Камен? Можеби заради топлото време, можеби заради затворените патишта кон Крушево, но на настанот немаше народ. Немаше народ толку колку што заслужува овој празник, а тоа не може да биде обврска на организаторот, во овој случај Владата на Северна  Македонија.

Мицкоски донесе слаба посетеност на Мечкин Камен за Илинден.

Со инцидентите кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеа во минатото, од преносот беше очигледно дека ја „закопаа“ желбата дури и на партиското членство да биде дел од сенародниот собир, а камоли на добронамерните и на сите останати на кои им припаѓа овој празник со кој се чествува овој голем ден.

Немаше народ на Мечкин Камен.

Еве и низ фотографии и скриншотови од преносот ја потврдиме нашата теза.

Говорот на Мицкоски заврши со повикот „Бога да ја благослови Македонија“, а режисерот на преносот наместо да ни ја прикаже публиката како возвраќа со аплауз (имаше аплауз, без разлика со каков интензитет), тој ни прикажа овој кадар:

После овој, кој траеше невообичаено многу за еден директен пренос, следуваше, вториот кадар:

И од него е сосема јасно на кого му се обрати Мицкоски. Нема народ.

Третиот пак кадар е уште покарактеристичен за овој текст. Мицкоски си заминува покрај празната ограда која треба да го чува од народот, иако нема народ.

Четвртиот кадар од завршницата на преносот е уште посимптоматична за нашиот текст. Официјалната делегација како да е побројна од народот. Повелете, проценете:

Тоа се скриншотови од преносот, а еве неколку фотографии од самиот почеток, кога доаѓа делегацијата. Нема народ:

Зачлени се на нашиот е-билтен