Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гледајте ја серијата „Мојата генијална другарка“, слушајте и играјте со Розенфелд, читајте го Урошевиќ

Од препораките за овој викенд, како и за нередните денови, уште зе вечерва (петок, на 16 јуни) ви го предлагаме настапот на диџејот Рој Розенфилд од Израел, кој ќе настапи во клубот Интермецо во Скопје.

Тој „врти“ прогресив, дип и мелодичен хаус, а последните години има голем број настапи за светски познатата продукција All day l dream. Розенфилд, роден во Ерусалим, започнал да се занимава со музика уште на 10 годишна возраст со свирење пијано, а на 15 започнал да експериментира како диџеј.

Денес е популарен низ светот и неговата агенда брои многу настапи. Тој истовремено е продуцент, а неговите траки ги користат и други познати артисти. Во последните години голема популарност на Розенфилд му донесоа неговите песни Lift of love, The biggest heart, Moonshine… Соработува со Себастијан Лежер, Тим Грин, Гај Џеј, Ели Нисан, со кои има издадено заеднички траки. Публиката во Скопје ќе има прилика да ужива во уникатоноста на неговиот сет.

ТВ серија за две жени, за едно пријателство и за непознат крај

ТВ Серијата „Мојата генијална другарка“ (L’amica genial) е од 2018 година, но толку е добра што секако ви препорачуваме да ја гледате на HBO Max, бидејќи на HBO TV овие денови завршува нејзиното прикажување.

„Мојата генијална другарка“ (My Brilliant Frined, на англиски) ја раскажува приказната за една постара жена, Елена Греко, која откако нејзината најдобра пријателка Лила исчезнува без трага, почнува да ја пишува приказната за нивното 60-годишно пријателство.

Кога најважната пријателка во нејзиниот живот исчезнува без трага, Елена Греко, која сега е постара жена што живее во куќа полна со книги, го вклучува својот компјутер и почнува да ја пишува приказната за нивното пријателство.

Таа ја запознава Рафаела Серуло, која отсекогаш ја викала Лила, уште од првата година на основното училиште во 1950 година. Нивната приказна се одвива во опасниот и фасцинантен Неапол и покрива повеќе од 60 години од нивните животи.

Шесте декади во филмот се и брилијантна културолошка реконструкција на Неапол, во јужна Италија, и на Фиренца до Милано, на северот на оваа земја, како извонреден контрапункт во кој се одвива животот на овие две жени.

Елена додека се обидува да ја опише мистеријата на Лила, нејзината брилијантна и најдобра пријателка, открива дека таа е всушност нејзината најголема непријателка.

Серијалот од осум епизоди се заснова на меѓународниот роман на Елена Феранте, кој стана бестселер.

Второто издание на „Маџун“ на Влада Урошевиќ сега со „лејбелот“ на книгоиздателството „или-Или“, е романот за вас за оваа недела

По првото издание во 2018 година, романот Маџун добива ново издание и тоа како дел од издавачката куќа Или – Или. Годинашниот најнаградуван автор во издание на Или Или сега има два наслови: „Вонземјанки“ и „Маџун“ од утре во книжарницата Или Или. Романот е добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ, номиниран е за македонски кандидат за наградата Балканика а преводи се објавени во Бугарија, БиХ, Србија и Хрватска.

„Има малку добри писатели и многу книги. И има многу во светот кои пишуваат и составуваат канони и канончиња на целата светска литература. Меѓутоа, меѓу ретките добри, има и такви кои ни се многу блиски, токму тука на нашиот јазик или блиску до нашиот јазик, без да прочитаме ниту еден ред од нив, ниту пак сме слушнале за нив. Понекогаш пишуваа за нас без ние да знаеме за нив. Добро е, сепак, што постојат, бидејќи со нив, откако ќе ги откриеме нивните книги, доаѓаат одлични искуства и вистинска возбуда. За писмениот човек нема поголема авантура или возбуда од тоа кога ќе го открие својот голем писател“, пишува во својата литературна критика за романот „Маџун “ (во издание на „Магор“, 2019) на академик Влада Урошевиќ и македонски кандидат за „Балканика 2019“  , колумнистот, писател и новинар Миљенко Јерговиќ во хрватски „Вечерњи лист“ објавен на 8 јануари, 2023.

Нараторот на „Маџун“ е момче, многу паметно и надарено, но сепак момче. Светот на неговото детство е целосно претворен навнатре, во куќа меѓу семејството. А домашните, дедо, баба, чичковци, тетки и други, сите тие се заслепени од светот на новото време, оптичките илузии, шоуа и сензации. Момчето раскажува за нив, веќе внесувајќи ја во својот глас онаа почетна детска фасцинација со новото и невиденото. Кога си дете, истовремено се плашиш од сè – а Влада Урошевиќ не се справува со стравот – и се возбудуваш за сè, затоа што за прв пат гледаш се. И тогаш цела семејна менажерија, семеен циркус, поминува пред очите на тоа дете, кое со многу слична фасцинација го набљудува новиот и модерен свет во сета своја слава, пред претстојниот мрак на Втората светска војна.

Романот е дел од едицијата „Проаза“ на „Или-Или“, лектурата е на Сузана В. Спасовска, а дизајнот на корица е на Марија Смилевска.

Треба да знаете
Moже да ве интересира