Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Со капитални дотации на Министерството за култура ќе се реконструираат домови на култура нечепнати 50 години

Бисера Костадиновска-Стојчевска

Со иницијативата за капитални дотации во коланите самоуправи на Министерството за култура оваа година ќе се поддржат девет општини кои ќе добијат 40 милиони денари. Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска кажа дека со овие средства се поддржуваат проекти за реконструкција на домови на култура кои и по 50 години не се реновирани и дека се создаваат услови за работа на уметниците.

„На пример, во Општина Делчево, Домот за култура АСНОМ, прв пат после неговата изградба, после 50 години добива средства за реконструкција на еден дел, односно влезниот дел, холот и дел од сцената. Наредната година таму можеме да продолжиме понатаму. Во Општина Валандово, каде што во центарот за култура има навистина голем број на настани, оваа година ќе добие и кино сала односно тоа се предвидува со парите од оваа ставка“, рече Костадиновска-Стојчевска во интервју за ТВ Канал 5.

Таа истакна дека во село Тресноче, во Маврово и Ростуше, ќе се реконструира старото училиште во еден мултифункционален дом каде што ќе продолжи да се слави делото на Дичо Зограф.

„Кратово е град – музеј и таму не постои еден дел од општината каде што нема некоја културна историја, каде што нема некој амбиент кој вреди да се сочува, да се истакнува понатаму. Таму овозможуваме сцена којашто ќе им овозможи на младите уметници, на сите кои работат и културно делуваат во Кратово да добијат еден мултифункционален пристап кон она што го прават“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Треба да знаете
Moже да ве интересира